Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка на функцијата, непосредно пред почетокот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка на функцијата, непосредно пред почетокот на собраниската расправа за негово разрешување.

Пратениците денеска ќе го разгледуваат предлогот на Владата за разрешување на Коцевски поради, како што се наведува, крупни професионални грешки при раководењето со Јавното обвинителство што доведува до нарушување на ефикасноста и функционалноста, неовластено изнесување на информации и податоци за судски предмети, со што ја повредил обврската за заштита на тајноста на постапката, како и поради нарушување на угледот на Јавното обвинителство и неговиот личен углед во целина, не постапувајќи согласно обврските предвидени во Уставот, законите и меѓународните договори.

Владата ја почна процедурата за разрешување на Коцевски на седницата на 25 февруари, но на 26 март ја стави во мирување, по почнатата истрага по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Советот на јавни обвинители, пак, во април даде негативно мислење на предлогот на Владата за разрешувањето на Коцевски, со образложение дека Владата не понудила докази за она за што го обвинува обвинителот.

Реклама

На 9 декември Владата повторно го разгледа предлогот за разрешување на Коцевски и заклучи да го достави до Собранието.

Во моментов прес конференција има Коцевски, повеќе детали најавуваме подоцна.