Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Економија

Рекордно високи цени на горивата- Владата не се откажува од акцизата

Вртоглавиот раст на цените на горивата ќе се одрази и на останатите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вртоглавиот раст на цените на горивата ќе се одрази и на останатите производи. Екепертите алармираат – државата треба да преземе нешто за да се спречи цунамито поскапувања. Една мерка е намалување или откажување на дел од акцизата и другите давачки.

Секоја мерка е добра, добредојдена во заштита на граѓаните, од друга страна ако нема акциза, државава нема прилив на средства во буџетот. Тука треба да се добијат пари од стопанството, стопанството има проблем плаќа многу скапа енергија. , Патувањата ќе поскапат ќе поскапат и финансиските услови,  ќе поскапат  и летовите на авионите нема да можат да летаат на одредени територии , ќе се зголемуват часовите на летање. Кој ќе го плати тоа, тоа го плаќа народот , вели Константин Димитров експерт за енергетика.

Транспорерите веќе трпат штети. Од асоцијацијата МАКАМ – ТРАНС веќе предложиле нивно субвенционирање или намалување на ДДВ-то, но засега немаат одговор.

Реклама

Дали ќе ја намалат акцизата или ќе овозможат враќање на акцизата како што тоа веќе е случај во Србија, Црна гора и во сите држави од ЕУ – тоа е она што се практикува за не дојде до големо влијание на оваа цена на зголемување на инфлацијата, односно зголемување на цените за широка потрошувачка, вели Билјана Муратовска од транспортната асоцијација МАКАМ- ТРАНС

И такси превозниците се соочуваат со огромни трошоци .Дел од нив велат дека очекуваат големи негативни последици и дека е многу намалено користењето на такси превозот, а некои се веќе и подготвени да го затворат бизнисот.

Цените на бензините достигнааа и до 84.5 денари за литар. Во оваа сума безмалку половина се даноци, акцизи и такси кои завршуваат во државниот буџет. Дополнително,  од лани Владата за дизелот воведе и еколошка такса од 3.5 денари за литар.

Кристина Алексиеска