Реклама
Македонија

Реконструкција на Влада мај-јуни, ќе се разговара отворено: кој потфрлил, а кој испорачал

Реконструкција на Владата на повидок – ќе се мери кој колку сработил,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реконструкција на Владата на повидок – ќе се мери кој колку сработил, а кој само зафаќал простор. Премиерот најавува чистка ако одредени кадри немале доволни резултати – пораката е јасна , нема место за слаб учинок.

Мицкоски вели дека се работи под притисок и во тешки услови, но тоа , според него , не еоправдување за слаб резултат. Иако, како што нагласува , Владата не ветувала чуда, сепак тој очекува максимум од секој поединец. Признава дека кај дел од кадрите има дилема и задршка и дека тие веќе се опоменати.

Пораката што ја испрати првиот човек на Владата е директна: оваа генерација, како што вели, нема право на втора шанса. Нема време за импровизации, ниту за репризи. Очекува офанзивна работа и испорачани резултати – дури и по цена на значително поголем ангажман од вообичаеното.

Реклама

Мицкоски предурпедува дека мора да се стави и  акцент на односот кон граѓаните , односно функционерите мора да бидат достапни, да комуницираат и да не оставаат впечаток на оддалеченост и надменост.

Премиерот потврдува дека има конкретни забелешки – не само за министри, туку и за поширокиот круг институции.

„Не сме разговарале , бидејќи и колациските партнери, но и ВМРО-ДПМНЕ имаат внатрешни прегрупирања и реструктуирања, јас очекувам во мај/јуни месец да се седне и да се поразговара и отворено ќе поразговараме на сите теми, кои од кадрите потфрлија, кои од кадрите непотфрлија, кои треба да се променат кои не треба да се променат, кои треба да ротираат , кои портфолија треба да ротираат– рече Мицкоски.

Дотогаш – пораката останува иста: резултатите ќе бидат главниот критериум. Според најавите, реконструкцијата се очекува во мај или јуни, по внатрешните консултации во владејачката партија и коалициските партнери. На маса, како што најавува премиерот, ќе се отвори целосна анализа – кој испорачал, кој потфрлил и каде се потребни промени или ротации.

Не се исклучуваат ниту пошироки зафати – освен замени на министри, можно е да има и прераспределба на ресори, како и промени во раководствата на институции што се под Владата.