Реклама

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Македонија

Регионална конференција за е-трговија во Скопје

Под мотото „From Wait to Go: E-commerce at AI Speed!“, денеска во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Под мотото „From Wait to Go: E-commerce at AI Speed!“, денеска во Скопје ќе биде одржано деветтото издание на Регионалната конференција за е-трговија со учество на над 900 учесници од повеќе од 12 земји и над 30 домашни и меѓународни говорници.

Деветтата регионална конференција за е-трговија ќе ги собере претставниците на бизнис-секторот, институциите и меѓународните организации за дискусија за актуелните трендови и можностите што ги носи забрзаниот развој на дигиталните технологии и вештачката интелигенција.

Во фокусот на конференцијата, како што најави Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, ќе бидат влијанието на вештачката интелигенција врз е-трговијата, иднината на онлајн купувањето, дигиталните плаќања и можностите за развој на регионалниот пазар, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Реклама

Предвидено е обраќања да имаат министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, претседателката на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија Нина Ангеловска Станков и амбасадорката на Народна Република Кина во земјава Џијанг Сјаојан.