Македонија е во редот на најдобрите во исполнувањето на европската агенда. Евроамбасадорот Михалис Рокас кој денеска му го предаде на премиерот Христијан Мицкоски извештајот за постигнатото на патот кон ЕУ нагласи дека напредокот е уште подобар од лани. За Европската Унија, посебно е важно што Македонија ја има усогласено надворешната политика со политиките на ЕУ, со што јасно покажува дека останува на европскиот пат, а ЕУ тоа го нотира како позитивен сигнал.
Македонија го засили својот ангажман кога станува збор за растот за планот на ЕУ и стана една од водечките земји со добри резултати во имплементирањето на реформската агенда. Има напредок, особено во областите за дигитална трансформација, истражување, наука, образование, и веќе видовме дека се преземаат значајни чекори во владеењето на правото, донесени се моќни добри закони и една година подоцна, да, гледаме напредок и тоа е јасно. Морам да повторам дека ова треба да го гледаме како една годишна вежба и фактот дека земјата веќе достигна добро ниво на подготвеност. Очигледно, сакаме да видиме уште повеќе напредок, ијзави Рокас.
Премиерот Мицкоски е задоволен од постигнатиот напредок во повеќе области. Свесен е дека има и уште работа, особено во делот на правосудството и борбата против корупцијата. Но она што посебно охрабрува е што нема ниту една негативна оценка:
„Во годишниот извештај нема ниту една оценка за назаднување. Напротив, во две преговарачки поглавја е зголемено нивото на подготвеност за членство во Европската Унија, односно во дигиталната трансформација и медиумите, како и во образованието и културата. Минатата година такво подобрување беше забележано во едно поглавје. Овие оценки се поткрепени со конкретни резултати“, рече Мицкоски.
Што се однесува до забелешките на ЕУ во сегментот на правосудството; Мицкоски информира дека извештајот се однесува за периодот до крајот на август годинава, а во меѓувреме веќе на маса се наоѓа новиот зкаон за кривична постапка, со кој ќе се подобри законската регулатива во делот на зголемена борба против копрупцијата. Паралелно Владата работи и на отсранување на сите реформски бариери, но проблем за почеток на преговорите се политичките услови. Мицкоски вели дека европските интеграции остануваат трајна стратешка определба на државата. Очекува фер европски процес но и нагласува дека нема да прифати какви било билатерални условуувања:
„Спорот со нашиот источен сосед и наметнатиот билатерален спор, минатата влада прифати да влезе во општите критериуми за членство, што секако претставува хендикеп во развојот на интегративните спорови. Ние немаме недостиг од реформи, туку преостанати политички услови“, додаде Мицкоски.
„Истовремено, уставните промени договорени во 2023 година се вклучени и треба да се завршат. Овие се обврски преземени од земјата. ЕУ е подготвена да започне со отворањето на преговорите во мигот кога ќе бидат донесени промените“, дополни Мицкоски.
Најновиот извештај за напредокот според Рокас треба да се гледа како силно охрабрување, затоа што има многу детали за сите 32 поглавја од преговорите за пристапување кон ЕУ. Вети дека заедно со Владата ќе се обидат да ги донесат неопходните промени, за исполнување на зацртаната цел, почеток на преговорите и членство на државата во Унијата.

