Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Редок вид на чапја се гнезди крај Дојранското езеро

Само десет гнездечки парови од реткиот вид на чапја, т.н. голем воден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Само десет гнездечки парови од реткиот вид на чапја, т.н. голем воден бик, кои тешко се забележуваат, се регистрирани во државава, а неколку се наоѓаат токму на подрачјето на Дојранското езеро.

Проценката за гнездечката популација ја даваат еколозите од Македонското еколошко друштво (МЕД), кои се дел од проектот „Заштита на медитеранските влажни зони“, финансиран од Француската агенција за развој, што овозможува подобро познавање на биолошката разновидност на Споменикот на природата Дојранско Езеро и на унапредување на управувањето со ова значајно заштитено подрачје.

– Големиот воден бик (Botaurus stellaris) е крупна, таинствена мочуришна птица од семејството на чапјите, силно поврзана со езера, бари и влажни подрачја со обемни појаси од трска. Има перје во земјени тонови и навика да мирува скриена меѓу трските, така што лесно се претопува со околината и ретко се забележува. Најчесто е активна во зори и самрак, кога тивко се движи низ трската во потрага по риби, водоземци и безрбетници. Забележувањето на големиот воден бик во околината на Дојранското Езеро е посебно природно доживување и јасен знак за зачувани и функционални водни екосистеми, се вели во објавата на МЕД.

Реклама

Во рамките на проектот „Заштита и ревитализација на медитеранските влажни зони – PROZHUM“, Македонското еколошко друштво минатата година организира едукативен камп, на кој преку теренска настава во Дојран, средношколци од Богданци и Гевгелија се запознаваа со биодиверзитетот и значењето на заштитата на езерото.