Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

„Редефинирање на улогата на ИКТ во Македонија“ – отворена Конференцијата на МАСИТ “RECODE REALITY”

Повеќе од 300 гости од земјава и регионот, како и говорници од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе од 300 гости од земјава и регионот, како и говорници од врвот на ИКТ-индустријата во Европа, денеска во Скопје ги вкрстија нивните знаења и вештини на темите од модернизација на дигиталната инфраструктура и телекомуникациите, па сè до спектарот на реалните можности што ги отвора вештачката интелигенција.

Според претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски, „во ИТ-индустријата, која брои скоро 3 илјади компании и околу 25.000 вработени, со просечна бруто-плата од речиси 150.000 денари, минатата година индустријата во државата има остварено приходи од над 1,65 милијарди евра, што ја потврдува нејзината зрелост, стабилност и капацитет за раст.“

Во воведниот дел на конференцијата говорник беше и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, кој ги најави реформите кои ги работи Владата, како и насоката за развој на дигитализацијата, во која, според него, исклучително учество ќе има и приватниот ИКТ-сектор во земјава.

Реклама

Темата на овогодинешната конференција Recode Reality има идеја и претставува повик да се реосмисли улогата на технологијата – не само како алатка, туку како двигател на промена, како сила што ја редефинира економијата, институциите, образованието и општеството.

На Recode Reality главни говорници денеска беа Пјетро Марини, директор за иновации на Deltatre Innovation Hub, Магда Јиану од Palo Alto Networks, како и Милош Ѓурковиќ, партнер во групацијата Amrop Serbia.

За Комората на ИКТ-индустријата во Македонија, МАСИТ, целта за наредните три години е јасно одредена – остварување на конкретни резултати во дигитализацијата на земјата, подобрени регулативи и силни политики за поддршка на технолошкиот сектор во партнерство со институциите на државата.