Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Прилози

Скоро една третина од децата во Македонија остануваат во ризик од сиромаштија

Во 2024 година, 29,5 проценти од децата во Македонија биле изложени на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во 2024 година, 29,5 проценти од децата во Македонија биле изложени на ризик од сиромаштија. За да се намалат бројките, неопходно е да се направат промени во делот на паричната поддршка на семејствата, укажуваат од УНИЦЕФ.

Зголемените трошоци за живот и недоволното усогласување на паричните надоместоци ја намалуваат нивната вредност. Министерот за социјална политика, Фатмир Лимани, посочи дека секое трето дете во Македонија живее во ризик од сиромаштија и дека неопходни се следни чекори.

„И покрај напредокот во последните години за намалувањето на детската сиромаштија и освојувањето на Националниот акциски план за правата на детето од 2025 до 2029 година, сè уште се соочуваме со сериозни предизвици. Фактот дека речиси секое трето дете живее во ризик од сиромаштија, покажува дека системот не ги постигнува очекуваните резултати“, изјави Фатмир Лимани, министер за социјална политика.

Реклама

Најпогодени се семејствата со три или повеќе деца, како и ромските и еднородителските семејства.

УНИЦЕФ предлагаат две реформи за зајакнување на човечкиот капитал. Првата е воведување на универзален детски додаток, со зголемување на износот преку неколку предлози: висок, среден и низок износ на трансфер. Втората реформа предвидува подобро насочување на средствата кон најсиромашните домаќинства.

„Демографската отпорност значи создавање услови во кои семејствата имаат можност да подигаат деца со сигурност, достоинство и верба во иднината. Сигурните и предвидливи детски додатоци се клучен дел од решението, помагајќи им на семејствата да се справат со економските притисоци, да ја спречат сиромаштијата и да ги заштитат вложувањата во растот и развојот на децата“, изјави Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ во Македонија

Според пресметките, за реформите би биле потребни од 27,5 до 61,3 милиони евра и би довеле до значително намалување на детската сиромаштија.