Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Реакција на МОН на соопштение на политичката партија Левица

Левица манипулира со информации и ги доведува во заблуда граѓаните, споделувајќи забелешки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Левица манипулира со информации и ги доведува во заблуда граѓаните, споделувајќи забелешки од ревизорски извештај за работењето на Министерството за образование и наука во време на претходната Влада, поточно извештај за 2023 година, а препишувајќи ги истите на актуелната, се вели во реакцијата на МОН, на соопштение на Левица. 

Во интерес на вистината, должни сме да реагираме и да ja информираме јавноста за тоа. Сегашното раководство на Министерството за образование и наука, работејќи одговорно и транспарентно, постапува по сите препораки на државниот ревизор во посочениот извештај. Пред само неколку дена кога објавивме дека постапуваме по една од препораките на Државниот завод за ревизија која бара менување на моделот на финансирање на студентските домови, токму Левица реагираше негативно, барајќи да не се постапува. Денес истата партија го вели спротивното. Истиот ден излажаа и дека МОН го намалува бројот на студентските стипендии. 

Работа на опозицијата е да критикува, но не и да лаже. Сега кога промените во образованието и науката се приоритет, се прават транспарентно и низ инклузивен процес, коректно е и тие да се вклучат. Иако веруваме дека тоа нема да се случи, еве, ја повикуваме политичката партија Левица, наместо да трошат време на куцкање измислици на социјалните мрежи, да предложат конкретни проекти со кои ќе се забрза напредокот на образованието. 

Реклама

Сегашното раководство на МОН со поддршка од Владата обезбеди рекорден буџет за образование и наука во оваа тековна година. Средствата се искористуваат согласно  приоритетите во програмата за работа, преку нови формули за финансирање на основното и средното образование, однапред дефинирани инфраструктурни инвестиции за кои во целост се запазуваат постапките за јавни набавки, а  високообразовните и научните установи конечно добија доволно средства за непречено одвивање на наставната дејност и за раздвижување на научно-истражувачката која со години беше запоставена.

Не со лаги, туку со конкретни дела се придонесува кон општото добро.