Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Разрешениот Села, го разреши Таравари – втор пат, за три дена, се одржа 4-ти вонреден конгрес на АА

Зијадин Села или Арбен Таравари – кој е сега лидер на Алијанса…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зијадин Села или Арбен Таравари – кој е сега лидер на Алијанса за албанците? На четвртиот конгрес на крилото на партијата предводено од поранешниот лидер Зијадин Села, е донесена одлука со која се разрешува актуелниот претседател на Алијансата Арбен Таравари и на негово место е избран Села.

Иницијативата за разрешување на Таравари беше од централното собрание на партијата, кое пак, токму Таравари го отповика во петокот, на неговиот четврти конгрес и го разреши Села од претседател на ова партиско тело. Па така, во два дена се случија два „четврти конгреси“ – резултатот е: разрешените ги разрешија разрешените. Иако од страна на Таравари беше обвинуван дека го крши статутот на партијата, Села вели дека нема ништо спорно во денешниот негов избор, бидејќи гласало мнозинство од членството.

Во партијата, која е дел од владејачкото мнозинство од поодамна се нишаат носечките столбови – а дополнителен земјотрес предизвика приклонувањето на Таравари кон опозициските партии. Тој вчера потпиша и декларација и со опозициските партии и заедно формираа коалиција во пресрет на претседателските и парламентарните избори.