Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Расте бројот на малолетнички бракови, кои многу често се своевидна форма на трговија со луѓе

„Извини, тато, ама мислам дека ништо не згрешив. Јас само не сакам…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Извини, тато, ама мислам дека ништо не згрешив. Јас само не сакам да се мажам. Не сега! – Ајде, прекини. Ќе се мажиш, луѓето дадоа 10.000 евра за тебе.10 илјади евра !!! Знаеш колку пари се тоа? Цел живот да работиме, тие пари нема да ги собереме. – Значи ме продаде, тато ? За тие проклети пари – ме продаде?!“

   Со оваа реплика, која е дел од драмски текст, но инспирирана од вистинска животна приказна, прилепските средношколци го креваат својот глас против трговијата со луѓе, а особено против малолетничките бракови чиј број кај нас е во постојан пораст, велат упатените. Причините се различни, но најчесто се лоцираат во извесни семејни традиции, но и во отсуството на комуникација помеѓу родителите и децата. Фрапантно-поразителни се податоците дека во некои средни училишта, само во една генерација има и по неколку вакви бракови, а ученичките кои се одлучуваат на овој чекор, најчесто трајно го напуштаат и училиштето.  

 „За да ги спречиме малолетничките бракови, често организираме работилници. Вклучени се тука класните раководители, предметните наставници и педагошко-психолошката служба. Многу често е разговарано со учениците, повикувани се на разговор, сооветувани се, меѓутоа, за жал, скоро никогаш не наидуваме на разбирање кај ученичките. Она што одлучиле да го направат – го прават, заминуваат. Последиците се ги согледуваат подоцна, за жал, кога е доцна“ – вели Жанета Видевска, директор на СОУ „Ѓорче Петров“, Прилеп.

Реклама

 „Сега ми се случи едно неубаво искуство. Оваа генерација каде што предавам, уште во прва година, неколку девојчиња, и во прва и во втора година, па и годинава во трета година, се омажија девојчињата млади“ – кажа Билјана Тинтоска, професорка во СОУ „Ѓорче Петров“, Прилеп.

  Според СЗО, секојдневно околу 39.000 млади момчиња и девојчиња во светот се жртви на трговијата со луѓе за присилни бракови.

Инаку, по повод 18 октомври – Европскиот ден за борба против трговијата со луѓе, а како дел од Проектот на ЕУ и Советот на Европа „Зајакнување на акцијата против трговијата со луѓе во Македонија“, ученици од ова училиште, во соработка со локалното Радио Пела, ја изготвија радио-драмата и театарската претстава „Маѓепсан круг“, како свој придонес во борбата против ова зло и која премиерно ќе биде изведена токму на 18-ти октомври.    

Каролина Дурло  

 https://www.youtube.com/watch?v=tqCw9S7Vlkg