Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Раст од 16,7 проценти на цената на становите во првиот квартал годинава

Во првиот квартал годинава становите во Скопје поскапеле за 16,7 проценти на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во првиот квартал годинава становите во Скопје поскапеле за 16,7 проценти на годишно ниво, а за 0,1 проценти на квартално – покажува индексот на цени на недвижности, што го објавува Народната банка врз основа на податоци што се однесуваат на огласени станови за продажба на територијата на главниот град.

Минатата година во првиот квартал становите забележаа годишно поскапување за 19,5 проценти, во вториот за 19,9 проценти, во третиот од 25,1 проценти, а во четвртиот од 25 проценти. 

Агенцијата за катастар на недвижностите во извештајот од регистарот на цени и закупнини на пазарот на недвижностите за 2025 година наведе дека за годинава се прогнозира умерен раст на пазарот со зголемен интерес за инвестиции и продолжен раст на закупи.

Реклама

Во 2025 година становите останаа најдоминантен сегмент на пазарот и учествуваа со 33  проценти во вкупниот број купопродажби и 48 проценти од вкупната вредност на пазарот. Иако бројот на продадени станови е намален за 3,9  проценти, нивната вредност пораснала за 10,8 проценти. 

Најактивни општини се Центар, Аеродром и Карпош, кои исто така имаат и највисоки просечни цени на становите, од 1.692 евра/м²; 1.558 евра/м² и 1.419 евра/м².

Најскапиот стан е продаден во Аеродром за 166.500 евра, а најскапата куќа е продадена во општина Центар за 1.500.000 евра. Најскап деловен простор е продаден во општина Центар за 6.800.000 евра.