Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Економија

Раст на пазарот на недвижности, продадени над 1.000 нови станови

Значително заживување на пазарот на недвижности во Македонија покажува најновиот извештај на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Значително заживување на пазарот на недвижности во Македонија покажува најновиот извештај на Регистарот на цени и закупнини за последниот квартал од минатата година.

Регистрирани се вкупно 9.283 трансакции, што е за 964 повеќе во споредба со претходниот квартал. Од нив, 1.004 се новоизградени станови, а дополнителни 27.522 објекти се во фаза на градба. Најскапиот стан во четвртиот квартал од минатата година е продаден во скопската општина Центар по цена од близу 3.000 евра за квадратен метар.

За 83 квадратни метри купувачот платил 246.171 евро. Според Регистарот на цени и закупнини, просечната цена на квадратен метар станбена површина во скопски Центар изнесува 1.800 евра, а најниската просечна цена е постигната во Струмица – 750 евра.

Реклама

Според обемот на продажба, Аеродром останува лидер со 304 продадени станови, додека Битола доминира кај куќите со 91 продажба. Центар е на врвот кај деловниот простор со 31 единица, а Ѓорче Петров кај градежното земјиште.