Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Раст на извозот на македонски земјоделски производи

Македонија бележи значителен пораст во извозот на земјоделски производи, а со тоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија бележи значителен пораст во извозот на земјоделски производи, а со тоа зголемено е и прозиводството, но и цените на домашните производи на странските пазари. Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски вели дека Македонија важи за квалитена и конкуретна земја со препознатливото домашно произведство за извоз. Бројките покажуваат дека владината кампања „Македонско најдобро“ дава одличен резултат и е дополнителен поттик за домашните производители.

„Ако минатата година извозот тежел 111 милиони евра, оваа година првите пет месеци од 2025 извозот тежи 167. Разликата е 57 милиони евра, што е еден добар показател дека одиме со зголемување во делот на извозот.“- изјави Министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски.

Министерството кофинансира разни сектори во земјоделието со цел да се зајакне домашното производство. Фокусот, како што изјави Министерот се младите земјоделци како клуч за понатамошен развој на земјоделството во Македонија.

Реклама

„Кофинансирање на набавка на приклучна механизација, кофинансирање на набавка на трактори, кофинансирање односно грантови во делот на производство од мал обем на прозиводи односно дестилери, производи од мал обем на храна, наводнувањето, антифроз системи, бунари.“- изјави Трипуновски.

Министерството активно работи и на стратегии за заштита од климатски промени. Во соработка со Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации, успешно се спроведени мерки за одржливо земјоделство и ефикасно користење на природните ресурси.

„Климатските промени, загубата на природните ресурси, предизвиците поврзани со храната бараат нови и инвентивни решенија. Знаеме дека со заеднички сили можеме да создадеме подобра иднина, подобро производство, подобра исхрана, подобра животна средина и подобар живот за сите.“- изјави Кристина Митиќ Арсова, координатор од Македонија на ФАО.

Извозот на земјоделски производи во првиот квартал од годинава е зголемен за пет проценти во споредба со лани. Под мотото „Рамо до рамо за подобра храна и подобра иднина“се одбележа Светскиот ден на храната и 80-годишнината од основањето на Организацијата за храна и земјоделство.