Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Еврпа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

Распишан е тендерот за изградба на штипската обиколница

Општина Штип, го распиша тендерот за изградба на новата обиколница, која ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Штип, го распиша тендерот за изградба на новата обиколница, која ќе се протега од приградската населба Железничка, до месноста Рибник, кај Кежовица. Тендерот ќе трае 30дена и  веднаш по изборот на изведувачот и евалуација на проектот, ќе се започне со градежните активности.  Освен што ќе се намали интензитетот на сообраќајот, новата обиколница ќе овозможи и урбанизирање на овој дел од градот,  кој  сега е запуштен и се користи како дива депонија.

„Ќе овозможи полесно поврзување на жителите од останатите населби, побрз проток на возила, но крајната цел е да се создаде развој и можност за зони за домување и индустрија, нешто што на градот му е неопходно. Перспективно планираме развој на овој дел од градот и можност за урбанизација“ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип

Истата  ќе се  гради  по сите европски сообраќајни стандарди. Ќе  биде во должина од 2,9км и ширка 13метри  и ќе ги порзува влезовите на Штип од Струмица и Скопје. Нејзината изградба ќе чини околу 2милиони евра, средства кои Владата ги  обезбеди со кредитот од Унгарија.

Реклама

„Општина Штип, од овие 100милиони евра  за поддршка на локалните самоуправи ја следуваат околу 2милиони евра. Затоа го прилагодивме овој проект да се вклопи во тој финансиски износ и да може во целост да се реализира. Секако дополнителни фази од реализацијата на пректот ќе бидат оставени за следната година, коишто ќе овозможат пуштање во употреба на оваа обиколница„ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Според планот, новата обиколница која ќе ги поврзува влезовите на Штип, од Струмица и Скопје, треба да биде готова за една година.

Александра Ристевска