Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Рано е да се каже колку од земјоделските површини претрпеа штети, се санираат речните корита за да нема нови поплавувања

Сè уште е рано да се каже колку од земјоделските површини претрпеа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сè уште е рано да се каже колку од земјоделските површини претрпеа штети по поројните врнежи, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Сега, како што изјави по брифигот за новинарите, се работи на санација и нормално функционирање на речните корита за да нема поплавувања на површините.

– Не можеме да кажеме за колкава земјоделска површина станува збор. Сега се работи на санирање на состојбите на терен. Фокусот е ставен на воспоставување нормално функционирање на речните корита за да нема поплавување на површините. По санирање на состојбите, ќе се формираат општински комисии, кои прибираат барања од сите што ќе пријават штети. Потоа ќе се направи и процена на терен, но рано е да се зборува за колкава површина станува збор. Секако, ќе се постапи во рамките на законот и луѓето на тој начин ќе бидат обесштетени – истакна Трипуновски.