Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Ранливите категории граѓани да ги искористат мерките од програмата на Секторот за социјална заштита – Куманово

Повеќе програми, наменети за различните категории граѓани предвидува програмата за социјална заштита…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе програми, наменети за различните категории граѓани предвидува програмата за социјална заштита на Општина Куманово, информираа на денешната прес-конференција надлежните од секторот. Програмата изнесува над 25,7 милиони денари.

-Програмата на Одделението за социјална заштита, здравствена заштита и заштита на децата, од општинскиот буџет се издвоени значителни финансиски средства за неколку клучни мерки кои имаат директно влијание врз секојдневниот живот на најзагрозените семејства, изјави ракводителот на Секторот, Александар Крстевски.

За 2026 година предвидени се седум  милиони денари за субвенционирање на трошоци за комунални услуги, 600 илјади денари за помош за домување на материјално и станбено необезбедени лица, 1,5 милиони денари за еднократна парична помош, 894 илјади денари за ослободување од партиципација во градинка, четири милиони денари за мерката „Народна кујна“.

Реклама

Крстевски потенцира дека овие мерки се креирани согласно реалните потреби на граѓаните и анализите на социјалните ризици во општината.

-Барањата за еднократна парична помош можат да се поднесуваат од 1 до 5 во месецот, во текот на целата година, што, значително ја олеснува достапноста на мерките, изјави раководителот.

За различните мерки можат да аплицираат, деца од еднородителски семејства, корисници на гарантирана минимална помош, стари лица – приматели на социјална сигурност, лица со интелектуална и телесна попреченост, потполно слепи и глуви лица, стечајци, самохрани родители, згрижувачки семејства.

Програмата за 2026 година покажува јасна тенденција на проширување на социјалниот опфат и диверзификација на мерките. Со вклучување на различни ранливи категории – од самохрани родители, лица со попреченост, до жртви на семејно насилство – Општина Куманово настојува да креира поинклузивен социјален систем, нагласуваат одговорните.

Средствата за  „Народна кујна“,  се намалени, но од Секторот се надеваат дека со ребаланс на буџетот мерката ќе се користи цела година.