Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Рамиз Мерко ќе одговара ривично доколку ги остави на цедило 12-те основни училишта во Струга

Рамиз Мерко ќе одговара кривично доколу ги пушти низ вода 12-те основни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Рамиз Мерко ќе одговара кривично доколу ги пушти низ вода 12-те основни училишта под капа на општината кој патем и ги банкротирал.Тој ќе одговара доколку не се повлече од намерата да ги отстапи сите свои надлежности за основните училишта на министерството за образование. Општината не може своеволно да отстапи ингеренции на министерство. Локалната самоуправа има законска должноста да го организира воспитно -образовниот процес на локално ниво,рагираат од МОН.

 “Јавноста е запознаена со повеќето одлуки на општинското раководство за кои веќе се водат судски постапки, како на пример – поставување директори на училишта кои не ги исполнуваат конкурсните и законските услови. Отворањето на паралелки со мал број на ученици, само заради отворање на дополнителни работни места е нерационално одлучување и тоа е една од причините кои ја довеле општината во незавидна положба и долгови, инфомираат од Министерство за образование.

Рамиз Мерко свесно го блокира образовниот процес, носејќи го во безизлезна ситуација. Заради доспеани долгови, наталожени како резултат на некадарност и лошо менаџирање, ситуацијата е таква што неизвесен е почетокот на училишната година-укажуваат од струшкиот огранок на ВМРО ДПМНЕ.

Реклама

Градоначалникот кој својот последен мандат го посвети на благосостојбата на членовите на својата партија ДУИ и на коалициониот партнер СДСМ, притиснат од неисполнетите обврски, одеднаш реши дека ќе ги врати ингеренциите во образованието.Кога сме кај откажувањата, можеше да се откаже од луксузното ауди,од средствата за репрезентација, од средства со кои лично располагаше наместо да бидат финансиски дел од некоја програма, од незаконски поставените директори во училиштата и јавни претпријатија”, велат од струшкиот огранок на ВМРО ДПМНЕ.

Нејасно е зошто токму сега Мерко се откажува во ингеренциите врз основите училишта,кога долговите за одредени режиски трошоци датираат со години поради што голем дел од училиштата имаа блокирани жиро сметки.Како му фтасуваа парите од блок дотациите кога со министерството за образование раководеше неговиот сопартиец Јетон Шаќири ? И како капак на се’ сега Мерконема намера да набави нафта и огревно дрво за 12-те основни училишта.