Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Рамиз Мерко како да е претплатен да добива парична или условна казна

Условна казна затвор од 1 година,доколку во рок од две години не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Условна казна затвор од 1 година,доколку во рок од две години не стори ново кривични дело-Рамиз Мерко повторно куртули од затворска казна.За незаконското поставување на Егзона Шеи како в.д. директор во основното училиште во Велешта,во два мандати, судот го осуди на условна казна. Таа немала завршено високо образование, а била примена на работа и со средно и држела настава по франциски јазик но и други предмети.Иако Јавното обвинитество ја сомничи дека приложила 2 фалсификувани исправи,судот цени дека исправите не биле лажни,туку содржината на истите.

 “Немала валиден сертификат за англиски јазик, немала  положено стручен испит за директор, немала потребни 5 години стаж  како наставник.И од тој аспект за судот одговорноста на второ обвинетиот е иста како онаа одговорност што ја кажавме за останатите училишта каде биле поставувани директори кои не исполнувале соодветни услови. Одлучив на сите да им биде изречена иста санкција.Овој пат со оглед на олеснителните околности  ќе биде условна осуда”-рече судијата Јордан Јованов

За незаконското директорување наАлбана Жута со основното “Браќа Миладиновци”,која од професорската функција во училиштето “Ибрахим Темо”,дирекно седнала на директорката фотеља во “Браќа Миладиновци”,без да биде распишан оглас,судот го осуди Мерко на парична казна од 2.500 евра. Жута јавноста ја памети по тоа што на прославата на патронатот ја забрани македонската химна,а настапи со груб фалсификат на историјата, Обвинителството ќе ги обжали ваквите одлуки на судот.

Реклама

 “Парична не очекував со оглед дека за првиот предмет беше осуден условно, требаше за другиот предмет да биде ефективна.Тоа значи очекувавте затворска казна ? Да “ вели Џемал Лога, јавен обвинител

Обвинителството ги обжали и другите одлуки на судот за незаконското поставување на директори во училиштата во Лабуништа, Радолишта и Подгорци.И тогаш Мерко помина со парична казна од 10.000 евра откако претходно беше ослободен од вина за набавката на луксузниот возен парк, тежок околу 114.000 евра. Струшкиот градоначалник кој се најде за црната листа на САД за корупција и мешање во судски процеси, на 17 ноември ќе седне на обвнителна клупа за осветлувањето на реката Дрим и за скандалозното обележје со кое се велича фашистичката окупација на Струга  кое беше поставено на општинската зграда.