Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Економија

Ралповски: Тука сме да го потврдиме она што го преговараме скоро неполна година

Претседателот Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), Благоја Ралповски пред денешната средба со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), Благоја Ралповски пред денешната средба со премиерот Христијан Мицкоски на која присуствуваат и претставници од други репрезентативни синдикати на администрацијата, изјави дека се тука за да се потврди она што се преговарало скоро неполна година.

-Денеска сме тука да го потврдиме она што го преговараме скоро неполна година. Ова покачување во некоја поразлична форма требаше да се случи уште минатата година, но ете не се случи од 1 мај. Пред месец-два почнавме повторно преговори и ја најдовме оваа формула што треба да ја ставиме во поединечните колективни договори и вработените во администрацијата да го добијат она што навистина го заслужуваат. Членот 47 ја објаснува платата и коефициентот, но сега излезе на виделина она што го кажавме ние уште во 2023 година, кога се потпишуваше Општиот колективен договор. Во тој член, во ставот 4, пишува дека коефициентот не може да биде поголем од номиналниот раст на БДП, па така, не е 12,5 како што се зборува, туку е многу помал. Спогодбите што ги потпишувавме во образованието, здравството и администрацијата се поповолни од тој член во Општиот колективен договор, а законот вика – „се зема тоа што е поповолно“, изјави Ралповски.

На новинарско прашање дали ќе го поддржат протестот на ССМ во вторник, одговори дека покана немаат, но „ќе има поддршка“.

Реклама

-Немаме покана, никогаш не сме излегле на заеднички протест. Тоа што ССМ го бара, еве јас можам лично да кажам, да, ќе има поддршка, но зошто да биде 600 евра, нека биде 700 евра, зошто платите да се усогласат само 100 евра, треба да се усогласат толку колку што ќе расте минималната плата, потенцира Ралповски.

Освен Ралповски, пред средбата во Владата изјава за медиуми даде и претседателот на УПОЗ, Трпе Деановски.

Видеото можете да го проследите на следниот линк: