Реклама

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Македонија

Радмила Шекеринска избрана за заменик генерален секретар на НАТО

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте ја назначи Радмила Шекеринска за следен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте ја назначи Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар, официјално објави НАТО на својот сајт.

-Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа е вистински верник во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се приклучи на Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога, соопшти Руте.

Со назначувањето, Радмила Шекеринска станува највисокиот функционер на НАТО досега од регионот на Западен Балкан надвор од Европската унија.

Реклама

Во објавата се потсетува дека Шекеринска претходно беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Македонија, вклучително и пред влезот на земјата во НАТО Алијансата во 2020 година. Таа ќе ја преземе својата функција кон крајот на годината.

Радмила Шекеринска во моментов ја врши функцијата потпретседател на Партијата на европските социјалисти на Европа.

Весникот “Политико“ пред изборот цитираше висок дипломат на НАТО од Западна Европа, кој изјавил дека постои општ консензус меѓу сојузниците дека источноевропеец треба да биде назначен за заменик на Руте. Разговорот во седиштето на НАТО се фокусира на двајца поранешни функционери од Македонија и Бугарија – Радмила Шекеринска и поранешната вицепремиерка и еврокомесар на Бугарија, Марија Габриел.