Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Радман: Македонија е подготвена и заслужува членство во ЕУ многу брзо

Македонија заслужува членство во Европската Унија и тоа многу брзо, рече вечерва…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија заслужува членство во Европската Унија и тоа многу брзо, рече вечерва министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ по средбата со својот домаќин, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Како што истакна Радман, Македонија е подготвена, а и добро е преговорите да почнат, особено поради македонските граѓани.

Според шефот на хрватската дипломатија, Хрватска силно го поддржува македонскиот евроинтеграциски процес и смета дека земјава направи многу на тој пат, како и дека може да биде пример на Балканот.  

Реклама

-Сетете се пред 20 и повеќе години. Пет месеци претходно почнаа преговорите. Да не се случеше тоа што се случи, Македонија можеби ќе беше во ЕУ пред Хрватска. Ако тогаш постоеја реформски услови, тогаш постојат и сега, по 20 години. Кога зборуваме за тој аспект, гледаме перспектива. И за граѓаните на Северна Македонија е важно за еден позитивен, афирмативен, психолошки моментум да почнат преговорите со ЕУ. Мислам и дека во тој процес, во таа перспектива и динамика, Македонија може да оствари голем прогрес зашто според нашето искуство, знаење и уверување, Македонија е подготвена. Се надеваме дека многу скоро ќе се создадат услови за почеток на преговорите за што имате наша искрена поддршка, рече Радман на заедничката прес-конференција.

Тој информира дека меѓу двете земји соработката е одлична во сите сфери, како и дека нема отворени прашања. Како области во кои гледа потенцијал за соработка, тој ги нагласи енергетиката, здравството, туризмот.

-Билатерално бележиме само јакнење на соработката во економијата, стопанството, во сите сфери кои се од заеднички интерес. Ние немаме никакви пречки, меѓу Македонија и Хрватска е се отворено и пријателски. Јас би сакал таква атмосфера каква што имаат нашите две земји да постои и во другите земји од Западен Балкан. Нашата соработка може да биде пример за други земји од Западен Балкан, потенцира Радман. 

Хрватскиот министер попладнево имаше тет-а-тет средба со Муцунски, а потоа и билатерална средба помеѓу делегациите на двете министерства.