Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Раде Трајковски-Штекли доби осум години затвор за трговија со дрога

Основниот кривичен суд Скопје денеска ги прогласи за виновни и им изрече…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основниот кривичен суд Скопје денеска ги прогласи за виновни и им изрече затворски казни на Раде Трајковски-Штекли во траење од осум години, Александар Гучевски – шест години, Стефан Китанов и Филип Таневски – по пет години и на Стојан Миланов во траење од три години и десет месеци како членови на група која неовластено продавала кокаин и марихуана.

Судот утврди дека осудените во периодот од јануари 2024 година до јануари 2025 година на територијата на град Скопје се здружиле заради неовластена продажба и пуштање во промет наркотични супстанции.

Во изречената осумгодишна казна на првообвинетиот Трајковски пресметано е и времето што досега го поминал во притвор.

Реклама

По објавувањето на пресудата, бранителот на Трајковски побара од судот замена на мерката притвор со куќен притвор. Ова барање одбраната го темелеше на влошената здравствена состојба на обвинетиот посочувајќи дека до судот веќе е доставена обемна лекарска документација.

Според обвинението, групата дејствувала добро организирано, со јасно дефинирани улоги од набавка до продажба на дрогата. Обвинителството во текот на постапката тврдеше дека Трајковски бил организатор и координатор, кој контактирал со лица од странство и со домашни посредници давајќи насоки за проширување на мрежата.

Дрогата се чувала во изнајмени станови, а се продавала по цени од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и од 200 до 300 денари за грам марихуана, при што се користеле апликации за заштитена комуникација, како „Снепчет“.

Првично во овој случај беа опфатени вкупно 16 лица. Седуммина од нив претходно склучија спогодба и добија затворски казни од три до три и пол години, а четворица признаа вина и постапката за нив беше раздвоена.

На почетокот на судскиот процес Трајковски изјави дека не го разбира обвинението, другите обвинети се изјаснија за невини, а одбраната тврдеше дека не постојат докази и оти наводите на Обвинителството се базираат на претпоставки.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: