Реклама

Мицкоски: Очекувам наскоро конкретизација на проектот со американската DFC

Револуција на ТВ Алфа: Вештачка интелигенција за натсинхронизација на новата серија „Бурни времиња“

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Македонија

Работниот комитет за Националната развојна стратегија (НРС) одржа состанок во Скопје: Фокус на енергетскиот сектор и долгорочен одржлив развој

Денес во Скопје се одржа состанок на Работниот комитет за Националната развојна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес во Скопје се одржа состанок на Работниот комитет за Националната развојна стратегија (НРС), советодавно тело на Советот кое обезбедува експертска и техничка поддршка во имплементацијата на Националната развојна стратегија 2024-2044 година. Овие активности имаат за цел да ги постигнат амбициите за економски раст, социјална правда и одржлив развој, дефинирани со стратегијата, информираат од Министерството за енергетика.

Генералниот секретар на Владата, г. Игор Јанушев, даде воведно обраќање, истакнувајќи ја важноста на оваа иницијатива и ја изрази благодарноста кон УНДП и Министерството за финансии на Република Словачка за нивната поддршка. Јанушев нагласи дека со донесувањето на Националната развојна стратегија 2024-2044 и Програмата за нејзина имплементација 2024-2028, се започнува сериозен процес на долгорочен развој на земјата.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска во своето обраќање изјави дека, иако патот е полн со предизвици, тој отвора и нови можности кои мора да се искористат.

Реклама

Македонија се соочува со сериозни предизвици во енергетскиот сектор. Иако потрошувачката на енергија по глава на жител е пониска од просекот на ЕУ, имаме висок степен на енергетска сиромаштија и еколошка деградација. Во 2020 година, 24% од населението се соочуваше со енергетска сиромаштија, три пати повеќе од ЕУ просекот. Нашата цел е да балансираме помеѓу намалувањето на енергетската сиромаштија и зголемувањето на економската продуктивност, додека ги постигнуваме еколошките стандарди. Приоритет ќе ни биде да преминеме кон чиста енергија и да ја зголемиме енергетската ефикасност во сите сектори, особено преку поддршка на ранливите групи, како што се жените и помалку развиените региони. Истовремено, ќе вложиме во модерни технологии и обновливи извори за поголема енергетска ефикасност во индустријата и домаќинствата. Преку праведната транзиција во енергетскиот сектор ќе создадеме зелени работни места и ќе овозможиме родова еднаквост во новите проекти, истакна министерката Божиновска.

Министерката подвлече дека првите две до три години се клучни за имплементација на најважните мерки и ги повика членовите на Работниот комитет да предложат конкретни мерки за брза реализација.

Со обединети напори од сите партнери можеме да изградиме зелена и одржлива иднина која ќе биде подобра за сите нас, нагласи министерката Божиновска.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини работи на подготовка на нов Закон за енергетика и Закон за обновливи извори на енергија. Работната група, составена од претставници на релевантните институции, енергетски компании, стопански комори и здруженија на производители на електрична енергија, активно го изработува текстот на законот. Предлог-законот се очекува да биде поднесен до Собранието најдоцна до почетокот на декември, со цел исполнување на обврските преземени со Договорот за основање на Енергетската заедница.

Националната развојна стратегија (НРС) е визионерски документ за следните 20 години, кој ја насочува земјата кон долгорочен развој преку четирикратен хеликс модел, овозможувајќи интегрирана соработка помеѓу државата, бизнис секторот, академската заедница и граѓанскиот сектор. Во претстојниот период ќе се разработат конкретни акции за реализација на стратегијата.