Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Работилница за проценка на ризик од поплави во Куманово

Денеска во Куманово се одржа работилница за проценка на ризик од поплави,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска во Куманово се одржа работилница за проценка на ризик од поплави, информираа од општината. На работилницата стручни лица и експерти ги презентираа наодите од проценката на ризик од поплави и можности за намалување на ризикот, како и одржливо урбано планирање, климатска адаптација, заштита на заедницата.

Присутните проследија анализа и моделирање на поплави, карти на опасност и ризик, предлог-мерки и критериуми за избор на мерки. Работилницата се спроведе како потреба за надминување на еколошкиот и инфраструктурниот предизвик и потребата од одржливо урбано планирање во организација на ГИЗ.

Главна цел на работилницата е да се презентираат наодите од проценка на ризикот од поплави во Куманово, со посебен фокус на опасности од речни поплави и влијанието во подрачјето на интерес.

Реклама

На работилницата, како што наведуваат од општината, се обратија Бјорн Габриел раководител на претставништвото на ЕИБ во Македонија, Александер Ерлевеин раководител на проектот на ГИЗ „Зелена агенда – поддршка на адаптација кон климатските промени во Западен Балкан“ и Максим Димитриевски градоначалник на Општина Куманово, а ја проследија вработени во општинската администрација, претставници од Регионален центар за управување со кризи, хидрометеоролошки завод, МЖСПП, ЈП „Водостопанство“.

-Работилницата ги опфати наодите од: анализа на физички и хидролошки податоци, процесот на изработка на модели и резултати од моделирањето, мапирање на проценка на ризик вклучувајќи карти на опасност од поплави. Беше презентирана и проширена листа на потенцијални мерки, заедно со методологија користена за нивна идентификација и критериуми за избор, информираа од општината.

Работилницата овозможува информирање на засегнатите страни и активно вклучување во напредокот на проектот, поттикнувајќи инклузија во развојот на мерките за заштита од поплави во Куманово. Присутните укажаа на неопходната координација меѓу локалната власт, службите за итни интервенции и жителите, како и спроведување на кампањи за подигнување на јавната свест и вклучувањето на заедницата, со цел граѓаните успешно да се соочат со ризиците и соодветно да реагираат.