Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Работилница на ЗНАМ и ИФЕС: Спречување на насилство врз жените во политичкиот живот

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, во соработка со Меѓународната фондација за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, во соработка со Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), организираше еднодневна работилница на тема „Одговорна, инклузивна и резистентна организација: Справување со насилството врз жените во политиката“, се вели во соопштението на ЗНАМ.

Работилницата обедини претставници од скопските општински организации, со цел зајакнување на капацитетите за препознавање, превенција и справување со различните форми на насилство врз жените во политичкиот живот. Учесниците имаа можност да разменат искуства и практики, како и да дискутираат за унапредување на внатрепартиските механизми за заштита, поддршка и промоција на родовата еднаквост.

На работилницата се обрати Мирослав Лабудовиќ, претседател на Градската организација на ЗНАМ, кој ја истакна важноста од системски пристап во справувањето со насилството врз жените во политиката и потребата од
континуирано јакнење на организациските капацитети.

Реклама

Обучувач на настанот беше Каролина Леаковиќ, меѓународна консултантка за родова и социјална инклузија, која преку интерактивен пристап ги презентираше современите стандарди и алатки за градење инклузивни и отпорни политички организации.

Движењето ЗНАМ останува посветено на унапредување на демократските вредности, зајакнување на улогата на жените во политиката и градење организациска култура заснована на почитување, еднаквост и одговорност.