Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Работи 4 дена, земај плата за 5 – Европската визија неостварлива во Македонија

Поголема продуктивност и намалување на недостатокот со квалификувана работна сила. Вакви резултати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поголема продуктивност и намалување на недостатокот со квалификувана работна сила. Вакви резултати дава моделот „Четири работни дена, а плата како за пет„. Иако, во дел од европските земји вокои се применува овој модел ефектите се позитивни, македонските граѓани се скептични. Тие се сомневаат  дека такво нешто би можело да се случи кај нас, па дури и како експеримент.

„Тешко вакво нешто. Кај нас се работи по шест,а не па по четири денови. Тоа не е изводливо кај нас. Барем засега со вакви газди, со ваква држава. Не знам! Кај нас во државата ништо не функционира како што требa. Да дојдеме до тој степен, би требало многу други работи да се средат па после тоа. Јас кога работев, работев и сабота. Секоја сабота „ велат анкетираните граѓани.

Ист став има и штипското здружение „Гласен текстилец“ кое се бори за поголеми работнички права. Неговата претседателка смета, дека ваквиот модел може да го воведат само стабилни држави , но не и кај нас, каде најголем дел од работодавачите мислат дека продуктивноста кај работниците е поголема ако работат секоја сабота , која најчесто е и неплатена.

Реклама

  „Мислам дека сме далеку од тоа бидејќи ние се уште се соочуваме со неплатена прекувремена работа за време на празник или во ден неделен одмор. Оттаму нели го инициравме и оној Закон недела неработен ден коишто за жал не ги опфати трговските центри. Меѓутоа, тоа го прават држави коишто се свесни дека продуктивноста на работниците зависи од тоа колку се задоволни на работното место и колку имат одмор, колку се платени и слично“ изјави Кристина Ампева од Здружението за борба за работнички права „Гласен текстилец„.

И за стопанствениците ваквиот пристап кон работата , во држави со низок стандард, како што е нашата е незамислив.  Одредени гранки, најчесто текстислството би се соочило со сериозен проблем, посебно кога роковите за испорачување на производите.

   Сепак од Организацијата на работодавачи сметаат дека би било добро да се донесе и таква законска можност, па компаниите со одредени дејности, доколку сакат  би можеле да го имплентираат и наместо пет, нивните работници би работеле четири дена во неделата. 

Александра Ристевска