Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Работен состанок на судските власти на тема „Пробација и условен отпуст“

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, Судскиот совет на Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, Судскиот совет на Македонија и Управата за извршување на санкции при Министерството за правда на Македонија, денеска во просториите на Академијата ќе одржат работен состанок посветен на темата „Пробација и условен отпуст“.

Како што соопштија од Академијата за судии и јавни обвинители, на состанокот ќе присуствуваат претседателите на кривичните оддели од апелационите судови во земјава, претседателите на основните судови и судии што работат на условен отпуст.

Присутните ќе ги поздрават: директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, јавната обвинителка Ирина Трајкоска Стрезоски, Александар Камбовски, претседател на Судскиот совет на Македонија и Александар Пандов, директор на Управата за извршување на санкции при Министерството за правда.