Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Свет

Путин објави дека Русија ја нападнала Украина со нов балистички проектил со среден дострел

Русија лансираше балистички проектил со среден дострел во напад врз воен објект…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Русија лансираше балистички проектил со среден дострел во напад врз воен објект во Днипро, како одговор на неодамнешните украински удари со западни проектили со долг дострел, објави Владимир Путин. Тој откри дека новото оружје има кодно име „орешник“.

„Како одговор на употребата на американски и британски оружја со долг дострел, руските вооружени сили изведоа комбиниран напад врз еден украински воено-индустриски комплекс. Во борбени услови, ова беше пробно лансирање на еден од најновите руски проектили со среден дострел. Во овој случај, ненуклеарна хиперсонична верзија на балистички проектил. Тестот беше успешен. Метата беше погодена“, кажа Путин.

Тој додаде дека Русија е спремна на секаков развој на настаните. „Ако некој се сомневал, не би требало. Секогаш ќе има одговор. Последните напади врз Брјанск и Курск покажуваат дека конфликтот сега добил глобални елементи“, рече рускиот лидер.

Реклама

Путин кажа дека западните држави нема да бидат во можност да пресретнуваат проектили како новоразвиениот „орешник“. „Овие проектили ја напаѓаат метата со брзина од 2,5-3 километри во секунда“, откри Путин и предупреди дека Русија може да гаѓа воени објекти во секоја држава чии оружја се користат против неа.

Украина првично тврдеше дека Русија лансирала интерконтинентален балистички проектил, што беше оспорено од западни функционери и експерти.

Претходно Русија и се закани и на Полска. Порача дека ќе ги нападне американските воздушни бази во оваа земја со „напредно оружје“.

Москва оцени дека отворањето на новата американска база за балистичка ракетна одбрана во близина на балтичкиот брег, „го зголемува целокупното ниво на нуклеарна опасност“, додавајќи дека базата е додадена на руската листа на потенцијални цели.