Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Свет

Путин е подготвен за дијалог со Трамп за постигнување траен мир во Украина

Неколку часа пред инаугурацијата на новиот американски претседател, рускиот претседател Владимир Путин…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неколку часа пред инаугурацијата на новиот американски претседател, рускиот претседател Владимир Путин му честиташе на Доналд Трамп, додавајќи дека е отворен за дијалог за Украина, за да се постигне траен мир.

„Му честитам на Доналд Трамп за влегувањето во администрацијата. Москва е отворена за дијалог со Соединетите Држави, кој ќе биде изграден на еднаква и взаемна основа – со почитување“, рече Путин, за време на состанокот на Советот за безбедност и одбрана на Русија.

Путин, сепак, нагласи дека руската влада ќе продолжи да се бори за интересите на својот народ, бидејќи, како што рече, тоа била основната цел на специјалната воена операција во Украина.

Реклама

Рускиот претседател додаде дека досегашниот дијалог е прекинат по вина на администрацијата на претседателот Џо Бајден. Во деновите пред да биде инаугуриран за претседател, Доналд Трамп, во неколку наврати изјави дека ќе се сретне со својот руски колега Владимир Путин многу брзо, откако ќе ја преземе функцијата.