Рускиот претседател Владимир Путин ја потврди поддршката за Иран за време на средбата со иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи во Санкт Петербург.
Како што јави руската новинска агенција Интерфакс, Путин изјавил дека минатата недела примил порака од врховниот верски лидер Мојтаба Хаменеи, син на убиениот ајатолах Али Хаменеи, со што се потврдува продолжувањето на стратешкото партнерство меѓу Москва и Техеран. Кремљ дополнително ја истакна својата подготвеност за посредување во конфликтот.
