Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Нова опрема за одржување на јавните површини во Дојран

Општина Дојран доби нова механизација за одржување на јавните површини на подрачјето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Дојран доби нова механизација за одржување на јавните површини на подрачјето на целата општина, информираат општинските власти. Во новата опрема обезбедена со поддршка од Министерството за локална самоуправа, во вкупна вредност од 4.000.000 денари, спаѓаат трактор, хидрауличен мулчер, мулчер со кардан, косилка, приколка и мини багер.

Според надлежните во Општината, механизацијата ќе се користи за расчистување на бујната вегетација покрај главниот пат и кејот, одржување на улиците, како и за косење и уредување на тревните површини во сите населени места.

-Оваа опрема значително ќе ја олесни работата на комуналното претпријатие и ќе овозможи зголемување на капацитетот за одржување на јавните површини на територијата на целата општина. Со оваа инвестиција вложуваме во почиста, поуредна и поубава општина, а воедно создаваме услови за подобри и поефикасни комунални услуги за сите наши сограѓани, се вели во објавата на градоначалникот на Дојран, Илија Тентов.

Реклама

За користење на опремата, Општината ќе има обврска да ја одржува механизацијата и да обезбеди нејзино одговорно користење, информираат властите.