Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

Ѓорѓиевски: Да оставиме пример, не ѓубре – најголемата еко-акција досега

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски информира дека утре во 10:00 часот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски информира дека утре во 10:00 часот ќе ја почнат најмасовната еколошка акција за чистење на Скопје, со вклучени неколку илјади волонтери и со цел, како што вели,  да се покаже колку можеме кога сме сплотени и кога љубовта кон својот град ја претвораме во дело.

– Акцијата го опфаќа целото Скопје, во секоја скопска општина! Заедничката грижа за градот ќе ја покажеме насекаде, затоа што секое маало заслужува чиста и уредена околина. Ќе ни се приклучат сите општини, градоначалниците, амбасадите, ученици, јавни личности, спортисти и многу наши сограѓани. Различни генерации, различни професии, но иста желба – да имаме почисто, поубаво и поздраво Скопје! Ве повикувам сите што го сакате овој град да бидете дел од акцијата. Повикајте ги пријателите, соседите, колегите. Да ги засукаме ракавите и заедно да се погрижиме за улиците по кои секојдневно поминуваме, за парковите во кои растат нашите деца и за маалата што ги нарекуваме свој дом. Секој од нас сака чиста околина, пишува скопскиот градоначалник на својот Фејсбук профил.

Утре, вели, имаме можност со сопствен придонес да покажеме дека сме подготвени и да ја создаваме и да ја чуваме околината.

Реклама

-Тука не застануваме. Ваквите акции ќе се одржуваат двапати месечно. Со редовно чистење, со сè поголемо учество и со заедничка посветеност, ќе ја претвориме оваа иницијатива во традиција на која Скопје ќе се гордее. Да оставиме пример што ќе се следи. Да создадеме навика што ќе трае и по завршувањето на секоја акција. Да ги научиме најмладите на одговорност преку нашите постапки, а на секој што несовесно фрла отпад да му покажеме дека зад чисто Скопје стојат илјадници луѓе што се грижат, работат и нема да се откажат од својот град!  Верувам во скопјани. Верувам во силата на личниот пример и во солидарноста што многупати сме ја покажале, додава Ѓорѓиевски.

Според него, само сплотени можеме да ја подигнеме свеста и да направиме грижата за јавниот простор да стане наша секојдневна навика.

-Утре, секоја рака е добредојдена и секој придонес е важен. Нека оваа акција биде почеток на една убава промена што сите ќе ја гледаме, но и сите ќе ја чуваме. Да излеземе масовно за нашето Скопје. Да оставиме пример, не ѓубре, потенцира градоначалникот на Град Скопје Ѓорѓиевски.