Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Пуштена и последната пациентка која се лекуваше во Солун по трагедијата во Кочани

Од општата болница „Папаниколау“ во Солун, вчера беше отпуштена и последната пациентка,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од општата болница „Папаниколау“ во Солун, вчера беше отпуштена и последната пациентка, која заедно со уште две лица беа хоспитализирани на 16 март, само неколку часа по трагичниот пожар во Кочани, додека пак во Грција, на лекување остануваат уште двајца повредени, згрижени во атинската воена болница.

Од солунската болница, денеска преку соопштение информираа дека и тројцата пациенти на возраст од 19, 25 и 26 години веќе се отпуштени и „заврши тешкиот, но успешен циклус на хоспитализација на тројцата млади“ кои со сериозни изгореници првично беа хоспитализирани на Одделот за изгореници со клучна поддршка од Одделот за интензивна нега, а потоа, „следеше нивна грижа во Клиниката за пластична хирургија и хирургија за раце при болницата“.

Првата пациентка беше отпуштена на 11 април, вториот пациент пред две седмици, а последната пациентка хоспитализирана во „Папаниколау“, синоќа си замина од болницата.

Реклама

– Текот на нивната здравствена состојба покажа стабилно подобрување, како резултат на колективниот напор и високата научна способност на медицинскиот персонал на инволвираните одделенија. Последниот отпуст беше издаден на 26 мај, во силна емоционална атмосфера, означувајќи го почетокот на нивното враќање во нормалноста. За персоналот во болницата, најголема награда беа насмевките на пациентите и нивните семејства, соопштија од „Папаниколау“.

Дополнително управата на болницата, преку соопштението изрази срдечна благодарност до медицинскиот персонал за нивната посветеност и хуман пристап, како и „до надлежните органи на соседната земја за беспрекорната соработка и доверба што ја покажаа во грчкиот јавен здравствен систем“.

– На тројцата млади и на нивните семејства од срце им посакуваме здравје, сила и оптимизам за иднината, пишува на крајот од соопштението.

Во попладневните часови на 16 март, со амбулантни возила, тројцата млади лица со сериозни изгореници здобиени во пожарот во дискотеката во Кочани беа итно пренесени во болницата „Папаниколау“ во Солун, а беа и првите хоспитализирани во Грција.

Потоа следеа уште двајца во Солун во воена болница, а неколку дена подоцна, со два медицински лета на грчкото воено воздухопловство во Атина беа префрлени уште седум пациенти.

Од вкупно 12 лица хоспитализирани во Грција, на лекување остануваат уште две лица, момче и девојка, кои се во Атина и не се во животно загрозувачка состојба, а се очекува и тие набргу да се вратат дома.