Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Пуштен во употреба спортско-рекреативен терен во Блок 70 во Тетово

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами заедно со министерот за спорт Борко Ристовски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами заедно со министерот за спорт Борко Ристовски официјално го пуштија во употреба реконструираниот спортски терен „Блок 70“. На ова место е поставен нов кош и нова подлога за кошаркарски терен, како и неколку видови справи за вежбање и клупи.

Градоначалникот на Тетово Касами истакна дека ова не е прв ваков спортско-рекреативен терен кој се изведува во соработка со Министерството за спорт.

-Дозволете ми во оваа овој случај да му искажам благодарам на министерот за спорт, кој значи е редовно присутен во Тетово со вакви инвестиции кои се многу важни за младината во Општина Тетово. Ова уште еднаш покажува дека на Македонија и било потребно и досега едно вакво министерство и се надеваме дека Мнистерството за спорт и во иднина ќе биде присутно во сите општини меѓу сите граѓаните, меѓу сите млади, затоа што во ова модерно време најмногу ни е потребно децата да се занимаваат со вакви спортско рекреативни активности, истакна Касами.

Реклама

Ова е проект на Министерството за спорт, во рамки на програмата за изградба и обнова на спортската инфраструктура низ целата држава.

-Oна што е важно за нас е добрата соработка со сите општини, во овој случај со општина Тетово. Драго ми е што во Тетовo имаме почнати повеќе проекти, имаме направено неколку, овој е еден од тие. Меѓутоа, како што кажа и градоначалникот, продолжуваме понатаму заедно да создадеме што е можно повеќе вакви спортско рекреативни центри каде што младината ќе може да спортува, да се рекреира и да нашето општество сите заедно го градиме на база на вистински вредности кои што ги промовира спортот. Мислам дека сме на добар пат да направиме до крајот на годината уште неколку вакви рекреативно спортски терени на територија на цела Македонија, за сите оние кои што сакаат да рекреираат, спортуваат, да се дружат, рече министерот Борко Ристовски.

Во Блок 70 беше извршена демонтажа на стара опрема, потоа поставена бетонска подлога врз која е поставен полипропиленски под. Теренот е ограден, поставени се клупи, фитнес реквизити, кош конструкција со табла и обрач, со ввупна површина од околу 400 квадратни метри.