Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Првпат во Македонија дијагностицирана ретката генетска болест фабри, почнат е третман

Седум пациенти од една фамилија се дијгностицирани со ретката болест “Фабри” во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Седум пациенти од една фамилија се дијгностицирани со ретката болест “Фабри” во Македонија. Двајца од нив се на ензимска терапија која првпат се применува кај пациенти со ова заболување. Оваа дијагностика е голем чекор напред за македонското здравство, велат докторите од Клиниката за нефрологија.Според нив, фабриевата болест е многу ретка и поради нејзините бројни симптоми, многу е тешко да се постави правилна дијагноза.Затоа апелираат дека е неопходна рана детекција на болеста за со тоа  да се намали морталитетот.

“Со терапија се опфатени двајца пациенти и насоките и целта наоваа терапија се да се спречат коморбидитетите, односно да се превенира појава на ран мозочен удар, инфаркт, и на тој начин да се овозможи подобар начин на живот.Доколку не прима терапија ќе се скрати животниот век на пацинетите за десет до петнаесет години”, вели директорот на Клиниката за нефрлогија, Никола Ѓорѓиевски.

Од Клиниката за нефрологија, најавија дека во иднина ќе се прави скрининг на бубрежно болните, односно на пацинтите кои се на дијализа за полесно да се детектира фабри болеста.

Реклама

Надлежните велат дека раната дијганостика е спасот за сите болести.Ќе се трошат помалку пари за лекови, а ќе имаме и поздрава нација.

“Македонија е земја каде што има подобри скрининзи за ретки болести.Дискутирјаќи со меѓународни чинители дури подобри и од некои членки на ЕУ.И тука треба да се заблагодари на сите инволвирани во раната дијагностика, и да го нагласиме тоа ние оваа година го зголемивме буџетот на МАНУ за лабораториски истражување за рана дијгноза за да можат сите пациенти да бидат покриени”, кажа директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски.

Фабри е ретка генетска болест која може да влијае на многу делови од телото, вклучувајќи ги бубрезите, срцето и кожата. Болеста е наследна и започнува во раното детство, напредува бавно во текот на животот и резултира со сериозно оштетување на бубрезите, срцето и централниот нервен систем.

Ања Лукарова