Реклама

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Почнува со работа Истражниот центар во штипското обвинителство

Системот „Сејф сити“ се шири: Oд 12 октомври камерите почнуваат со работа во Oхрид, Струга, Кичево и Дебар

Мицкоски ќе се обрати пред Генералното Собрание на ОН: Ќе бидат претставени јасните и цврсти позиции на Македонија

Димитриеска-Кочоска: Од автомобилски компании до дата центри за поголем економски раст

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Македонија

Костадинов: Инвестираме во Чешиново-Облешево со реконструкција на спортски сали, нов парк и проширување на детската градинка

Почитувани претставници на медиумите, почитувана јавност, почитувани граѓани на Општина Чешиново-Облешево, По…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почитувани претставници на медиумите, почитувана јавност, почитувани граѓани на Општина Чешиново-Облешево, По неполна една година од почетокот на мојот мандат како градоначалник на Општина Чешиново-Облешево, чувствувам потреба, но пред сè и одговорност, да дадам отчет за сработеното. Отчетноста и транспарентноста се обврска кон граѓаните. Обврска за секој од нас кој ја добил вашата доверба да покаже што ветил, што реализирал и што останува да се направи. Пред една година ја презедов одговорноста да ја водам Општина Чешиново-Облешево со јасна цел: повеќе работа на терен; домаќинско управување со средствата на граѓаните; решавање на долгогодишните проблеми; и создавање услови Чешиново-Облешево да се развива рамномерно, во секое населено место, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Јорданчо Костадинов, градоначалник на Општина Чешиново-Облешево.

Ви благодарам за довербата и поддршката. Но, уште повеќе – ви благодарам за трпението, за сугестиите и за критиките. Токму тие ни помагаат да бидеме подобри. Во изминатата година работевме одговорно, чесно и посветено. Не ветивме дека сè може да се промени преку ноќ. Но денес, по речиси една година од мандатот, зад нас веќе стојат конкретни проекти, нова и реконструирана инфраструктура, подобрени комунални услуги и инвестиции во образованието, спортот, земјоделството, животната средина, социјалната заштита.

Општина Чешиново-Облешево продолжува да се развива! Имаме конкретни активности кои значат подобри услови за живот, подобра инфраструктура, подобро образование и подобра грижа за децата, младите и семејствата. Од изборната програма со која ја побарав и ја добив довербата од граѓаните, за само една година реализиравме или сработиме на околу 30 проценти од предвиденото.

Реклама

Тоа е сериозна динамика. И со јасна потврда дека она што го ветивме не остана само на хартија. Она што го ветивме – го реализираме! Кога зборуваме за иднината на нашата општина, зборуваме за иднината на нашите деца. Затоа образованието и детската заштита беа и остануваат еден од нашите најважни приоритети.

Во тек е постапка за проширување на детската градинка „Ѕвездички“ во с. Облешево, со што ќе се зголемат капацитетите и ќе се создадат подобри услови за згрижување на најмалите жители на општината. Изградивме и преуредивме нов парк во Облешево, со урбана опрема и детски реквизити. Реконструиран е спортскиот терен во ООУ „Страшо Пинџур“ – Соколарци. Интензивно се работи на реконструкцијата на спортската сала во Облешево. Во тек е реконструкција на теренот со детски реквизити во с. Спанчево.

Грижата за семејствата ја потврдивме и со воведувањето на мерката за парична помош за првородено дете во семејство, во висина од 6.000 денари. Обезбедивме и финансиска поддршка за семејствата кои имаат запишано првачиња во учебната 2026/2027 година. Секое прваче доби финансиска поддршка од 3.000 денари.

А воведовме и дополнителна мерка со која на младите брачни парови се обезбедува додаток за првородено дете и се ослободуваат од комунални трошоци за изградба на дом. Затоа што сакаме младите да останат тука. Да создаваат семејства. Да градат домови. И својата иднина да ја гледаат токму во Чешиново-Облешево. И не застанавме тука.

Спортот беше значаен дел од работата на Општината. Особено место имаа Илинденските спортски игри – Чешиново 2026, со кои го поттикнавме спортскиот дух, дружењето и промоцијата на спортот меѓу младите. Организиравме: фудбалски и одбојкарски турнир; велосипедска тура околу сите населени места во општината.

Оваа година буџетот за спорт и организирање спортски манифестации е зголемен за околу 400.000 денари во однос на изминатата година. Тоа е инвестиција во младите. Инвестиција во здрави навики. И инвестиција во иднината на нашата општина.

Продолживме и со сериозни инвестиции во патната инфраструктура. Поставен е сообраќаен режим на улицата „Маршал Тито“ во Облешево и улицата „Маршал Тито“ во Чешиново. Ја завршивме реконструкцијата на улицата „Сремска“ и дел од улица 6 во Облешево. Реконструиравме дел од улицата „Јоаким Крчовски“ во Облешево. Изградивме крак на улицата „Први мај“ во с. Спанчево. Изградивме и два крака на улицата „Осоговска“ во с. Соколарци. Во завршна фаза е реконструкција на вториот дел од улицата „Маршал Тито“ во с. Чешиново. Интензивно се работи и на реконструкцијата на улицата „Прохор Пчински“ во с. Чифлик.

Работиме и на санација на оштетените сообраќајници, уредување на јавни површини и подготовка на проектна документација. Продолживме и со решавање на проблемите кои со децении ги мачат граѓаните. Отпочнуваме со изградба на вториот дел од новата мрежа за фекална канализација во с. Соколарци, со што ќе се комплетира канализационата мрежа за ова населено место.

Тоа е проект кој не е само инфраструктура. Тоа е прашање на достоинствен живот за секое семејство. Заштитата на животната средина останува високо на листата на приоритети на Општина Чешиново-Облешево. Во соработка со АД „Водостопанство Брегалница“ од Кочани, со средства од буџетот на Општината, по повеќе децении темелно беше исчистен одводнителниот канал на територијата на Општина Чешиново-Облешево.

Работиме на одржување и уредување на јавните површини, чистење на критичните локации, справување со дивите депонии и подобрување на управувањето со отпадот. Интензивно работиме и на изнаоѓање решение за искористување на потенцијалите на термалните води во с. Бања. Посебно внимание посветивме на зајакнувањето на ЈПКД во општината. Затоа што функционално комунално претпријатие значи почиста и поуредна општина и подобра услуга за секој граѓанин. Обезбедивме ново возило за собирање на комунален отпад и нови контејнери за депонирање и селектирање на отпад.

Исчистивме повеќе диви депонии низ населените места. Во тек е постапка за набавка на мулчер, пили за кастрење покрај локалните патишта и нова компресорска цистерна за одржување на канализационата мрежа. Во тек сме и со заокружување на јавно-приватно партнерство со компанија која целосно ќе го преземе јавното улично осветлување, преку инвестиција од околу 1 милион евра.

Чешиново-Облешево е земјоделска општина. И затоа земјоделците мора да имаат вистински партнер во локалната самоуправа. Формиравме Земјоделски совет, кој ќе работи на изнаоѓање решенија за проблемите со кои се соочуваат земјоделците и сточарите. По подолг период, Подрачната единица за земјоделие повторно обезбеди услуги за земјоделците во општинските простории. Тоа значи дека голем дел од своите административни обврски земјоделците можат да ги завршуваат тука, во својата општина. Пробивме и тампониравме повеќе полски патишта до земјоделските насади, а оваа активност значително ќе ја интензивираме во следниот период.

Во текот на оваа година ги продолживме и ги надградивме долгогодишните пријателства на Општина Чешиново-Облешево. Ја претставивме нашата држава на Меѓународниот фестивал на штрковите, каде што ја проектиравме и промовиравме нашата општина како општина со посебно природно богатство – штрковите. И добивме грант за отпочнување на постапката за изградба на центар за згрижување и рехабилитација на штрковите.

Ја зајакнавме соработката со збратимените општини од Романија, Молдавија, Турција и Бугарија, како и со други наши пријатели и партнери. За нас меѓународната соработка не треба да биде само протоколарна туку треба да создава можности за заеднички проекти, културна размена, поврзување на младите и размена на искуства меѓу локалните самоуправи. Ја поддржуваме и поттикнуваме работата на невладиниот сектор.  А за првпат формираме и Младински совет во општината. Затоа што младите не треба само да бидат наша иднина. Тие треба да бидат дел од нашата сегашност. Почитувани сограѓани, сето ова покажува една работа: Кога пристапот кон работата е чесен, одговорен и посветен – резултатите се видливи. И токму затоа денес не зборуваме само за планови. Зборуваме за проширување на детски градинка. За реконструирани училишта. За реконструирани спортски сали и терени. За реконструирани улици. За канализациони мрежи. За поддршка на младите. За поддршка на семејствата. За поддршка на учениците. За поддршка на земјоделците. Зборуваме за работа. За конкретни резултати. За општина која чекор по чекор се менува.

Почитувани сограѓани,

Денес со гордост можеме да кажеме дека првата година беше година на враќање на довербата, стабилизација и поставување темели за уште посилен развој на Општина Чешиново-Облешево. Но, не сме завршиле. Имаме уште многу работа. Имаме улици кои треба да ги реконструираме. Населени места во кои треба дополнително да инвестираме. Полски патишта кои треба да ги подобриме. Паркови кои треба да ги уредиме. Комунална механизација која треба да ја зајакнеме. И нови проекти кои треба да ги донесеме во Чешиново-Облешево. Нашата определба останува иста: Секое населено место да почувствува дека Општината е присутна.

Секој граѓанин да знае дека е важен. И средствата на граѓаните да се враќаат назад кај граѓаните преку конкретни проекти. Нашата обврска е да продолжиме со истото темпо. Да работиме одговорно. Да работиме чесно. Да работиме посветено. И, пред сè, да бидеме отчетни пред граѓаните. Затоа што довербата што ја добив од вас не ја сметам за привилегија. Ја сметам за обврска. Обврска која ја презедов пред една година. И обврска од која нема да отстапам. Ќе продолжиме да работиме за секое село. За секое семејство. За секое дете. За секој млад човек кој сака да остане и да создава тука. За секој земјоделец. За секој наш сограѓанин. За една посилна, поуредна и поразвиена Општина Чешиново-Облешево. Она што го ветивме – го реализираме. И продолжуваме.

Бог да ја благослови Општина Чешиново-Облешево.