Реклама

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Почнува со работа Истражниот центар во штипското обвинителство

Системот „Сејф сити“ се шири: Oд 12 октомври камерите почнуваат со работа во Oхрид, Струга, Кичево и Дебар

Мицкоски ќе се обрати пред Генералното Собрание на ОН: Ќе бидат претставени јасните и цврсти позиции на Македонија

Димитриеска-Кочоска: Од автомобилски компании до дата центри за поголем економски раст

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Македонија

Базар на 22 средни училишта во чест на 100 години Скопје ЗОО, средствата од продажбата наменети за животните

Со базар, на кој учествуваат 22 средни училишта од град Скопје, денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со базар, на кој учествуваат 22 средни училишта од град Скопје, денеска во Зоолошката градина Скопје почна одбележувањето на 100-годишнината од постоењето на оваа институција. Во рамките на дводневната манифестација „100 години Зоолошка – 100 години грижа за животните“ средношколците ќе ги изложуваат своите креативни изработки, а средствата од продажбата ќе бидат наменети за подобрување на условите за животните.

Тина Мицковска од Скопје ЗОО во изјава за медиумите нагласи дека базарот е прв настан во рамките на роденденскиот месец посветен на јубилејот и претставува пример за обединување на младите во хумана мисија.

– Денеска го почнуваме одбележувањето на стогодишнината на Скопје ЗОО со базар на кој учествуваат 22 средни училишта од град Скопје. Сето она што ќе биде изложено и продадено учениците сакаат да го донираат за подобри услови за животните во иднина – потенцира Мицковска.

Реклама

Таа најави дека во текот на одбележувањето на јубилејот ќе бидат организирани едукативни содржини со цел да се зајакне улогата на Зоолошката градина како простор за учење, развивање љубов и емпатија кон животните.

– Најмногу од сè едукативна содржина бидејќи навистина на ЗОО Скопје ѝ недостига најмногу таков вид едукација. Визијата на креаторот на Зоолошката, односно основачот Станко Караман, било ова да биде училница на отворено. Но ние во текот на годините сме се соочувале со тоа некои луѓе да мислат дека овде треба да биде само за забава и циркус. Сакаме да покажеме дека тоа не е така. Ова е најмногу место за едукација, но и создавање љубов и емпатија кон животните. Нам ни е, пред сè, цел да направиме што подобра Зоолошка, тоа е нашата визија – ова да биде еден зоо-парк наместо класична зоолошка градина, како што било во минатото, со кафези и такви слични живеалишта, кои не биле соодветни за животните – рече Мицковска.  

Најави дека скопската Зоолошка градина во текот на роденденскиот месец ќе добие нови животни за кои во моментот се подготвуваат соодветни живеалишта. Таа посочи дека во изминатите години Зоолошката градина се соочувала со проблеми, вклучително и појавата на туберкулоза кај животните, поради што било забрането внесување нови единки.

– Навистина нашите животни овде веќе беа возрасни, меѓутоа имавме доста проблеми во изминатите години. Како што знаете, имаше туберкулоза и имавме забрана за носење нови животни додека не се среди оваа состојба. Но, секако, ќе има нови животни. Сепак, многу е поважно овие животни кои се сега тука да имаат соодветни живеалишта отколку само да носиме нови, а да немаат соодветен простор за живеење. Во овој месец роденденски планираме да бидат донесени нови животни, ги спремаме новите живеалишта. Мислам дека тоа ќе бидат животни што првпат ќе ги имаме во Скопје ЗОО и мислам дека тоа се животни што моментално во целиот свет се најмногу популарни кај најмладите, така што ќе видите набргу сите – рече Мицковска.

На базарот учествува и средното училиште „Георги Димитров“, кое со Зоолошката градина има долгогодишна соработка. Директорот на средното училиште, Саша Стоименов, посочи дека училиштето и ЗОО имаат меморандум за соработка речиси осум години.

– Учениците во рамките на практичната настава редовно ја посетуваат Зоолошката градина, меѓутоа не само како посетители туку и со нивните наставници и ментори придонесуваат за одржување на делот од хортикултурата во училиштето, меѓутоа и на делот од живеалиштата на животните. Овој денешен ден е навистина задоволство и радост. Гледате, многу училишта од град Скопје ѝ се приклучија на оваа акција, имаат свои штандови, одредени производи што учениците ги произведуваат, во зависност од училиштето и неговата струка. Нашето училиште, кое има дел за дизајн, дел за хортикултура, има приготвено навистина еден богат штанд и очекуваме дека ќе има голем број посетители денес и утре од 12 до 15 часот. Собраните средства ќе бидат донирани на Зоолошката градина за збогатување и уредување на целокупниот круг тука – рече Стоименов.

Базарот ќе биде отворен и утре од 12 до 15 часот, а организаторите ги повикаа граѓаните да ги поддржат младите и да бидат дел од одбележувањето на вековниот јубилеј на Скопје ЗОО.