Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Прилози

Мицкоски ќе се обрати пред Генералното Собрание на ОН: Ќе бидат претставени јасните и цврсти позиции на Македонија

Јасните и цврсти позиции на Македонија ќе бидат претставени пред Генералното Собрание…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јасните и цврсти позиции на Македонија ќе бидат претставени пред Генералното Собрание на Обединетите Нации во Њујорк, каде денеска ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски. Тој претходно од САД потенцираше дека државава останува посветена на стабилноста и соработката, како членка на НАТО и земја кандидат за членство во ЕУ.

Мицкоски веќе јасно порача дека се бара начин како Македонија да добие јасен и предвидлив европски пат, бидејќи веќе биле направени огромни отстапки во минатото, но европската приказна се уште останува само желба за нас. Потенцираше дека без разлика на дополнителните прашања и притисоци поврзани со нашиот идентитет, фокусот на Владата продолжува да биде насочен кон нови реформи и промени во институциите.

-Ние го започнавме нашето патување пред речиси две и пол децении. И, за жал, поради некои вештачки причини, не успеавме да станеме дел од ЕУ. Веројатно еден ден ќе го постигнеме овој камен-темелник. Во меѓувреме, фрустрацијата кај македонските граѓани е огромна, бидејќи во минатото направивме премногу отстапки: го сменивме знамето, Уставот го сменивме неколку пати, дури и го сменивме уставното име и сето тоа изгледа како приказна без крај“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Реклама

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, во рамки на посетата на Њујорк оствари и средба со специјалната пратеничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс. Во фокусот на разговорите биле стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан, како и продлабочувањето на односите меѓу двете земји во рамките на стратешкото партнерство.

-Посебен акцент ставивме на реформските процеси, јакнењето на демократските институции, владеењето на правото, сојузништвото во НАТО и заедничкиот придонес кон европската и евроатлантската безбедност.Разговаравме и за економската соработка, конкретните проекти преку партнерството „влада со влада“ и иницијативите од Берлинскиот процес за поголема регионална поврзаност и економски развој, порача Муцунски.

Дел од македонската владина делегација е и вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали. Според него, партнерството со САД и проширувањето на ЕУ остануваат клучни за регионот. Интеграцијата во Европската Унија нема алтернатива и тоа е врвен приоритет. Сепак, критериумите од Брисел треба да вреднуваат напредок во реформите, а не да се фокусира на билатерални спорови.

Матеја Петровски