Студентите, специјализантите и професорите ги добија првите два акредитирани учебници по психијатрија, кои ќе го трасираат патот на идните доктори и ќе ги зајакнат стручните капацитети во здравствениот систем.
„Психијатрија“ и „Медицинска психологија“, како што велат од авторскиот тим, не се само наредени факти, туку имаат и практично значење, бидејќи ја следат светската литература, а воедно и докторите можат да ги користат за да ги подобрат услугите.
