Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Првиот пратеник во земјава кој е позитивен на Коронавирусот е од Прилеп

Коронавирусот удри и врз пратениците. Прилепската пратеничка, Кети Смилеска, која од саботата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Коронавирусот удри и врз пратениците. Прилепската пратеничка, Кети Смилеска, која од саботата е хоспитализирана на Инфективното одделение во прилепската Болница, е позитивна, покажале тестовите. Оваа информација, за Алфа ни ја потврди и самата Смилеска во денешниот телефонскиот разговор.

„Денеска сум подобра. Првите симптоми ги почувствував уште пред повеќе од две недели, заради што се ставив во самоизолација. Но, и по 14 дена, состојбата не се подобруваше, па во саботата бев хоспитализирана, по што бев и тестирана. Тестот беше позитивен. Не знам, ниту пак можам да претпостававм од каде и кога сум се заразила, бидејќи од почетокот на епидемијата, согласно препораките од Министерството за здравство, многу ретко излегував и не се дружев со никого“, ни изјави пратеничката Кети Смилеска.

Инаку, ширењето на Коронавирусот во Прилеп, не стивнува. Во изминатото деноноќие детектирани се уште 10 ново-заразени и за жал уште едно починато лице кое е на 66-годишна возраст. Со ова, вкупниот број на заразени се искачи на неверојатни 85 лица и на тројца починати пациенти. Во самоизолација се 373 лица, а на Инфективното одделение хоспитализирани се 15 пациенти.Од нив, 12 се позитивни на Коронавирусот, од кои две со потечка клиничка слика и со кислородна поддршка. Тројца пациентисе сомнителни, земен им е брис и се чекаат резултатите.Сите тројца се со средна клиничка слика, информираат од Општинскиот кризен штаб.

Реклама

Во текот на изминатотот деноноќие само едно лице не го почитувало полицискиот час заради што ќе му биде поднесена и соодветна пријава.

Инаку, заради енормно брзото ширење на заразата, во градот под Марковите Кули, од вчера, на Полицијата и’ помага и Армијата.

Каролина Дурло