Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Првиот лет на директната авиолинија на „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул пристигна на охридскиот аеродром

Со пристигнување на патниците од Истанбул денеска на охридскиот аеродром „Свети Апостол…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со пристигнување на патниците од Истанбул денеска на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ ќе биде означен почетокот на новата авионска линија помеѓу Истанбул и Охрид.

Ова е првиот лет на директната линија на авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“, која од денеска започнува да лета од Истанбул до охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“.

Според претходните најави, летовите на линијата Истанбул – Охрид ќе се одвиваат четири пати неделно, во понеделник, четврток, петок и недела. Турската авикомпанија ќе користи авиони од моделите „Ербас А321“, „Боинг 737-800“ и „Боинг 737-900“ од својата флота за оваа линија.

Реклама

На денешниот настан на охридскиот аеродром се очекува присуство на премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, главниот извршен директор на „ТАВ Аеродроми“, Серкан Каптан, главниот извршен директор на „Туркиш ерлајнс“ Билал Екси и турскиот амбасадор Фатих Улусој.