Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Прва улична трка „Илинден лајф ран“ во општина Илинден

Во општина Илинден денеска ќе се одржи првата улична атлетска трка „Илинден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во општина Илинден денеска ќе се одржи првата улична атлетска трка „Илинден лајф ран“ (Ilinden life run), спортски настан посветен на промоција на спортот, рекреацијата и здравите животни навики, соопштија од локалната самоуправа.

– Стартот и финишот на трките ќе бидат пред Домот на културата „Илинден“, а учесниците ќе трчаат по обезбедена и означена патека низ населените места Илинден, Марино и Кадино. Програмата започнува во осум часот со трката на пет километри, во девет часот се стартовите на 10 километри и штафетата 2×5 километри, додека во 10 часот се предвидени детските трки на 100, 200, 400 и 600 метри, а за најуспешните учесници и екипи се предвидени пехари и медали – се додава во соопштението.

Поради одржувањето на трката, ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим. Општина Илинден ги повикува граѓаните да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и насоките на службените лица.

Реклама

– Како покровител на овој настан, Општина Илинден уште еднаш ја истакнува својата заложба за поддршка на спортските настани што имаат за цел да ги поттикнат и промовираат спортот, рекреацијата и здравите животни навики – се додава во соопштението.