Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Свет

Прва и единствена дебата: За Трамп ова е најдобро соочување, Харис вети ќе биде претседателка на сите Американци

Стоејќи на два метри оддалечени, без публика во просторијата, двајцата претседателски кандидати,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стоејќи на два метри оддалечени, без публика во просторијата, двајцата претседателски кандидати, кои никогаш претходно не се сретнале, ја имаа првата дебата, која се емитуваше на Еј Би Си Њуз и истовремено емитувана на други преносни мрежи на десетици милиони веројатни американски гласачи.

Потпретседателката Камала Харис се обрати и се претстави себеси пред Американците, поставувајќи голем дел од нејзиниот сопствен курс по повлекувањето на претседателот Џо Бајден од трката.

„Јасно е дека јас не сум Џо Бајден и сигурно не сум Доналд Трамп. И, она што го нудам е нова генерација на лидерство за нашата земја. Онаа која верува во она што е можно. Онаа која носи чувство на оптимизам за тоа што можеме да направиме, наместо секогаш да го омаловажуваме американскиот народ“, рече Камала Харис.

Реклама

Трамп ја обвини Харис, која ја нарече марксист, за порастот на илегалната миграција во САД.

„Тие го уништија ткивото на нашата земја. Милиони луѓе пуштија да влезат“, рече Доналд Трамп.

Трамп, без докази, исто така ја обвини Харис за инвазијата на Русија во Украина и војната во Газа.

„Таа го мрази Израел. Во исто време, на свој начин, таа го мрази арапското население затоа што целото место ќе биде разнесено – Арапи, Евреи, Израел. Израел ќе го нема“, додаде Трамп.

За Трамп ова беше седма претседателска дебата. За Харис, прва. Таа рече дека републиканскиот кандидат не е способен да се врати во Белата куќа и дека за тоа постои консензус меѓу светските лидери, освен автократите, на кои Трамп им се восхитува.

„Вие ги обожавате моќниците наместо да се грижите за демократијата“, рече Камала Харис.

Претставниците на Трамп кои беа во таканаречената спин-соба, како што е републиканскиот конгресмен Бајрон Доналдс од Флорида, рече дека Харис не успеала да каже што ќе прави доколку биде претседател.

„Камала Харис, сè што направеше беше само напад. Таа не зборуваше за политиката. Таа не зборуваше за нејзините разлики меѓу неа и администрацијата на Бајден. За Авганистан, не кажа ништо?“, рече Бајрон Доналдс.

Речиси една третина од гласачите анкетирани пред дебатата рекоа дека се запознаени со Трамп, но треба да научат повеќе за Харис.

Според конгресменот на Демократската партија од Калифорнија, Тед Лиу, дебатата го отстрани јасниот контраст меѓу двајцата.

„Камала Харис звучеше претседателски. Доналд Трамп беше чуден и некохерентен“, рече Тед Лиу.

Освен ако Трамп и Харис повторно не дебатираат пред денот на изборите, ова можеби беше нивната најдобра можност да се обидат да го поколебаат релативно малиот број неопределени гласачи во таканаречените одлучувачки седум држави.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон