Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Прв состанок на Основачкиот одбор на Канадско – македонската Стопанска комора

Со цел организирано економско поврзување и заеднички настап на македонската диjaспора, во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со цел организирано економско поврзување и заеднички настап на македонската диjaспора, во Торонто беше одржан првиот состанок на Основачкиот одбор на Канадско – македонската Стопанска комора, иницијатива која има амбиција да стане централна точка на македонскиот бизнис живот во Канада.

Во состав на Основачкиот одбор се Милосов Лукароски, Теа Пешева, Диана Индовски, Иван Лукароски и Кирил Колемишевски, кои со овој чекор ја отвораат вратата за нова фаза на економско организирање на Македонците во Канада.

На состанокот беа поставени темелите на идното дејствување на Комората, со јасен фокус на поддршка на македонските претприемачи, професионалци и компании, како и на создавање силна и поврзана бизнис заедница која ќе може да настапува координирано, стратешки и заеднички, соопшти Основачкиот одбор на Канадско – македонската Стопанска комора.

Реклама

Преку ваквиот пристап, Комората има намера да ги зајакне деловните односи внатре во македонската заедница во Канада, но и да отвори поширок простор за трговија, инвестиции и соработка меѓу Канада и Македонија.

Во својата поставеност, Комората се позиционира како платформа која ќе го поттикнува претприемништвото, ќе создава услови за професионален развој и ќе гради конкретни мостови меѓу македонските бизниси од двете страни на Атлантикот. Намерата е да се изгради стабилна економска мрежа која нема да биде само симболична, туку ќе произведува реални резултати преку партнерства, инвестиции и размена на знаење и искуства.

Основачкиот одбор ја нагласи својата определба оваа иницијатива да прерасне во силен двигател на економско поврзување, со јасна ориентација кон долгорочен раст, зајакнување на македонскиот бизнис идентитет во Канада и продлабочување на економските врски со Македонија.

Со овој прв состанок, Канадско-македонската Стопанска комора практично го означи почетокот на една нова организациска и економска енергија во дијаспората, со потенцијал да создаде видливи и трајни резултати за македонската заедница.

Канадско-македонската Стопанска комора е отворена за членство и соработка со сите заинтересирани субјекти, како од Канада, така и од Македонија, вклучително компании, претприемачи и професионалци кои препознаваат вредност во градењето силни деловни врски, размена на знаење и заеднички економски развој меѓу двете земји.