Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Прв чекор- ВМРО-ДПМНЕ и „ВРЕДИ“ ги договорија општите начела за идната влада

Насмеани и расположени, првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Вреди“ за прв…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Насмеани и расположени, првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Вреди“ за прв пат седнаа на иста маса и ги потврдија позициите за соработка и состав на новата македонска Влада. Двете опозициски партии ги спремаат куферите за на „Илинденска“.Економски развој, евроинтеграции, борба против криминалот и корупцијата се меѓу постулатите на кои ќе се заснова владината коалиција. Христијан Мицкоски кој пред почетокот на состанокот даде кратка изјава, кога си одеше од штабот на „Вреди“, одби да соопшти детали пред камерите но не го криеше задоволството од постигнатото.

Новинарите: Господине Мицкоски, ако може кратка изјава, во која насока одат разворите?

„Во правилна насока“,
одговори низ насмевка Мицкоски.

Покрај Мицкоски, присутни беа и Александар Николоски, Владо Мисајловски, Тимчо Муцунски и Гордана Кочоска Димитриеска, како и шефот на кабинет на претседателот Владимир Нелоски. Нивни домаќини беа Арбен Таравари, Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши.

Реклама

Договорени се општите начела на соработка за идната влада, која ќе се базира на три постулати: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото. Заклучено е дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое ниво ќе продолжат разговорите до нивно финализирање, информираа од ВМРО-ДПМНЕ.

Коалицијата „Вреди“ со оценка дека разговорите оделе во правилна насока.

Арбен Таравари, Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши денеска остварија средба со претставници од ВМРО-ДПМНЕ. Разговорите одат во правилна насока. Од понеделник ќе формираме работни групи – изјави Башким Бакиу, портпарол на „Вреди“.

Пред состанокот со „Вреди“ Христијан Мицкоски вчера се сретна со партиите кои се дел од Коалицијата „Твоја Македонија“ – пораката од таму беше дека оствариле успешен и историски кој носи одговорност за остварување на ветеното.

На парламентарните избори ВМРО-ДПМНЕ освои 58 пратенички мандати, а „Вреди“ 13 – вака владејачкото мнозинство би изнесувало 71 пратеник. Сепак, Мицкоски има и друга математика – тој очекува до 28 мај – денот кога треба да се одржи првата конститутивна седница, да консолидира до 61 пратеник бидејќи поединци од други коалиции „испратиле сигнали“ дека сакаат да се приклонат кон ВМРО-ДПМНЕ.