Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Николоски: Пруга кон Бугарија да, но под овие услови не

Бугарија да почне со проектирање на тунелска цевка, а двете држави истовремено…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бугарија да почне со проектирање на тунелска цевка, а двете држави истовремено да почнат да пробиваат тунел, да се направи нов проект кој ќе е прифатлив за Македонија и цената да биде во разумна рамка – ова се условите за реализација на железничкото поврзување на Коридорот 8 кај Крива Паланка. Министерот за транспорт Александар Николоски објаснува дека промени мора да има бидејќи за постоечките услови и цена нема согласност од наша страна.

„Почна дијалог вчера во Брисел. Следно за две недели на 31 пак средба. Да видиме. Ние инсистираме на нашите позиции да има заеднички проект и да е изводлив проектот нормално да се разгледа цената, по оваа цена секако дека не можеме. Да видиме што ќе направиме. Јас се уште сум против овој проект. Овој проект сигурно нема да се работи, a дали ќе работиме нов, ќе видиме“, рече Николоски. 

Министерството за транспорт потврди дека Македонија е посветена на изградба на железничка пруга кон Бугарија, но нагласи дека не може да се прифати проект што завршува во тунел за кој не постои проект од другата страна.

Реклама

Додека Скопје покажува конструктивност, Софија демонстрира самоволие – спремни биле да почнат со проектирање но тоа би било готово најрано во 2026 година.

Дека постои консолидиран став во Владата, која не планира да попушти на притисоците и уцените покажува и ставот на македонската делегација во Брисел која вчера, на состанокот со бугарските колеги и со претставници на Европската Комисија укажале на условите. Исходот од состанокот е дека двете страни си подале рака да продолжат со изградбата, а за таа цел ќе има редовен дијалог на високо ниво.

Комисијата го поздравува повторното потврдување на посветеноста на Бугарија и Северна Македонија на Коридорот 8, што ја покажува подготвеноста за регионална соработка која е од суштинско значење за иднината на двете земји.

Инаку, тендерот за реализација на третата фаза од пругата кон Бугарија е пропаднат – и за надзор и за изведба. Сепак, македонската влада уверува дека останува посветена на Коридор 8, а се очекува, разговорите со нашиот источен сосед да се интензивираат по формирањето стабилна политичка влада таму, да се најдат на половина пат и да се договорат за проект кој ќе биде прифатлив за двете страни.