Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Провери пред да купиш: АЕТМ објави ажуриран регистар на е-трговци за превенција од измами

Асоцијацијата за е-трговија го објави најновото ажурирано издание на регистарот на е-трговци со цел да им помогне на граѓаните да проверат од кого купуваат пред да направат онлајн-плаќање. Според податоците на Народната банка, во 2025 година во земјата имало 1.829 места на продажба за е-трговија, од кои 1.396 биле активни, односно реализирале најмалку една трансакција […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Асоцијацијата за е-трговија го објави најновото ажурирано издание на регистарот на е-трговци со цел да им помогне на граѓаните да проверат од кого купуваат пред да направат онлајн-плаќање. Според податоците на Народната банка, во 2025 година во земјата имало 1.829 места на продажба за е-трговија, од кои 1.396 биле активни, односно реализирале најмалку една трансакција во текот на годината согласно методологијата на НБРСМ.

Регистарот на е-трговци е единствениот регистар што претставува сеопфатна база на сите онлајн-продавачи во земјата што нудат плаќање со картичка и се ажурира во соработка со петте банки што процесираат е-трансакции – Комерцијална банка, НЛБ банка, Стопанска банка, Халк банка и УНИ банка.

Со цел негово ажурирање, АЕТМ добива подароци од петте банки, врши проверка, идентификација, категоризација и ажурирање на е-продавниците, со што регистарот на е-трговци обезбедува единствен и структуриран увид во понудата на домашниот пазар на е-трговија. За активни е-продавници, во согласност со методогијата на АЕТМ, се подразбираат оние е-продавници што реализирале најмалку една онлајн-трансакција во текот на годината и имаат активна веб-страница за време на проверката.

Реклама

Каква е домашната понуда во е-трговијата? Регистарот на е-трговци опфаќа 1.374 активни е-продавници распределени во 25 категории. Податоците покажуваат дека најголем дел од понудата во македонската е-трговија ја сочинуваат е-продавници за козметика, производи за убавина или нега (115), облека, обувки и модни додатоци (100), храна и пијалаци (87), бела техника и електроника (86), туризам (81), веб-услуги, стриминг или преземања (73), едукација (71), дом, мебел и градина (61) и многу други категории, што укажува на сè поголема разновидност на производи и услуги достапни преку домашните е-трговци.

Податоците од регистарот покажуваат дека домашната е-трговија повеќе не е ограничена само на традиционалните категории, како мода, козметика и електроника. Значајно присуство имаат и услугите, туризмот, образованието и дигиталните услуги, што укажува на постепено зреење на пазарот и проширување на навиките за онлајн-купување кај потрошувачите.

Регистарот добива дополнително значење ако се земе предвид континуираниот раст на е-трговијата во Македонија. Според анализата на АЕТМ на најновите податоци од Народната банка на РСМ, во 2025 година вкупната вредност на онлајн-трансакциите достигна 950 милиони евра, што претставува раст од 32 % во однос на претходната година. Од нив, 522 милиони евра се слеале кон македонските е-трговци, а бројот на активни места на продажба за е-трговија е зголемен за 84 во однос на 2024 година.

– Податоците покажуваат дека е-трговијата продолжува да се развива со солидно темпо како во однос на вредноста на трансакциите така и во однос на понудата. Регистарот на е-трговци ни овозможува не само да ги идентификуваме активните е-продавници туку и да добиеме појасна слика за тоа кој ја сочинува понудата на домашниот пазар. Анализата покажува дека покрај традиционално силните категории, како козметика, мода и електроника, сè поголема застапеност имаат услугите – едукацијата, туризмот и дигиталните производи, што е показател за зреење на дигиталната економија и проширување на навиките за онлајн-купување кај потрошувачите  вели Нина Ангеловска-Станков, претседател на АЕТМ.

Корисна алатка за заштита на потрошувачите и борба со нерегистрираните трговци

Регистарот на е-трговци претставува практична алатка за зголемување на довербата на граѓаните при онлајн-купување. Со оглед на тоа што значителен дел од онлајн-измамите се случуваат преку нерегистрирани продавачи, најчесто преку социјалните мрежи, регистарот им овозможува на граѓаните лесно да проверат дали еден продавач е регистриран правен субјект и дали користи интегрирано онлајн-плаќање преку банка.

Регистарот истовремено придонесува и кон намалување на сивата економија преку поголема транспарентност и видливост на активните е-трговци. За самите е-трговци, присуството во регистарот претставува дополнителен знак на кредибилитет и доверливост, како и можност за поголема видливост пред потенцијалните купувачи.

Во регистарот се вклучени е-трговци со регистриран правен субјект во Македонија и интегрирано онлајн-плаќање преку една од петте банки, а кои реализирале најмалку една онлајн-трансакција во текот на 2025 година.

Регистарот е јавно достапен и може да се пребарува по URL-адреса, по правен субјект и по категорија на е-продавницата на: https://ecommerce.mk/registar

За потребите на ажурирањето АЕТСМ користеше и алатки базирани на вештачка интелигенција за автоматизирана проверка на активноста, достапноста и категоризацијата на е-продавниците.