Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Култура

Промовирана сликовницата „Девојчето и куклата што патува“ од Александар Русјаков

Познатата анегдота поврзана со славниот писател Франц Кафка и девојчето кое тагува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Познатата анегдота поврзана со славниот писател Франц Кафка и девојчето кое тагува по изгубената кукла е инспирација за новата уникатна сликовница „Девојчето и куклата што патува“ од Александар Русјаков.

Книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше промовирана вчеравечер во „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“, во рамките на „Денови на литературата“.

Сликовницата е објавена по повод 100 години од смртта на Франц Кафка. Станува збор за сликовница-омаж на најпознатата анегдота поврзана со Кафка. И покрај тоа што никогаш не е потврдена вистинитоста на случката и покрај тоа што постојат различни толкувања на околностите во кои се случила, со постојаното навраќање кон неа, таа стана неизбежен дел од биографијата на Кафка.

Реклама

Приказната во новата сликовница е дело на Александар Русјаков, за кого ова претставува свечено претставување во светот на литературата за деца на македонски јазик.

Русјаков, кој е попознат како автор за возрасни, изрази задоволство што имал можност да пишува за деца.

-Досега немам ништо напишано за деца, а тоа беше нешто што отсекогаш ми недостигаше. За мене најлесно е да пишувам книги, бидејќи сѐ друго во животот ми е тешко. Можам да пишувам што било за возрасни, но не бев сигурен дали ќе можам да напишам нешто за деца. Литературата за деца отсекогаш сум ја гледал како нешто најтешко, затоа што децата не можеш да ги излажеш. Тие примаат сѐ веднаш со срце и го доживуваат како вистина или лага. Не ми е важно што ќе кажат возрасните, туку што ќе мислат децата за книгата! Како писател, отсекогаш ми било предизвик да напишам дело за деца, вели Русјаков.

Во сликовницата Русјаков се држи до контурите на општоприфатената приказна, но со својот автентичен писателски израз, полн со лиричност и нежност, создава уникатно авторско дело, кое веруваме дека ќе стане ново омилено семејно четиво.

„Девојчето и куклата што патува“ внимателно и метафорично зборува за минливоста на животот, за прифаќањето на загубата, за созревањето… а пред сѐ за љубовта.

Поентата на сликовницата е дека љубовта не исчезнува, таа секогаш се враќа во нова форма. Со оваа мисла Кафка ја дава суштината на приказната, но и на животот. Сѐ што нѐ опкружува, вели, е создадено од љубов и љубовта не се менува, ниту во смрт. Ако љубовта исчезне, нагласува Русјаков, тогаш знајте дека тоа не е љубов.

(МИА)