Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Промовирана монографијата „Трагична несреќа или атентат“ од Славчо Десподов во Делчево

Во читалната на Јавната локална библиотека „Илинден“ во Делчево вечерва беше промовирана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во читалната на Јавната локална библиотека „Илинден“ во Делчево вечерва беше промовирана монографијата „Трагична несреќа или атентат“, дело на авторот Славчо Десподов.

-Станува збор за значајно публицистичко издание кое, според присутните, претставува повеќе од обично пишано сведоштво, нудејќи длабока анализа, истражување и осврт на настани што подолг период предизвикуваат интерес во јавноста, истакна во најавата директорката на библиотеката Билјана Петровска.

Промотор на делото беше Сотир Костов, главен истражител на авионската несреќа кај Мостар, кој заедно со авторот пред присутните во читалната на библиотеката говореше за процесот на создавање на монографијата, како и за пораките што ги носи.

Реклама

– Ова дело отвора значајни прашања и поттикнува на размислување, при што се нудат нови агли на гледање кон теми кои долго време биле предмет на различни толкувања, истакна Костов.

Со промоцијата, роднокрајното одделение на ЈЛБ „Илинден“ – Делчево се збогати со уште еден вреден наслов, кој од денеска ќе биде достапен за читателите.

На авторот Славчо Десподов му беше упатена поддршка за понатамошна работа, со желби за нови дела и продолжување на неговиот придонес во публицистиката и културната меморија.